(ВИДЕО) Вонредна состојба уште две недели, реши Пендаровски


Претседателот Стево Пендаровски по состанокот на Советот за безбедност изјави дека ситуацијата е подобрена во однос на изминатиот период и дека стратегијата за справување со корона вирусот дава резултати. Премиерот Оливер Спасовскина состанокот  го образложил барањето за прогласување на нова вонредна состојба од 30 дена, по што претседателот решил да го прифати барањето, но само …

(ВИДЕО) Вонредна состојба уште две недели, реши Пендаровски Read More »

Самсоненко се повлече од Вардар, клубот го остави на Град Скопје


Сергеј Самсоненко преку соопштение на интернет-страницата на ФК Вардар објави дека поради финансиски тешкотии се повлекува од клубот и го враќа Вардар на Град Скопје од каде го презема во јануари 2014 година. Соопштението ви го пренесуваме во целост: „Со преземањето на АД ФК Вардар Скопје во 2014 започнавме со реализирање на визијата да изградиме …

Самсоненко се повлече од Вардар, клубот го остави на Град Скопје Read More »

Кој колку доби со ребалансот на Буџетот


За исплата на платите се предвидени 30,2 милијарди денари или за 0,4 милијарди денари помалку, како резултат на времената забрана за нови вработувања во државната администрација Владата го донесе ребалансот на буџетот за 2020 година чија цел е да ги финансира мерките за надминување на последиците од КОВИД-19 кризата и да го забрза процесот на …

Кој колку доби со ребалансот на Буџетот Read More »

Владата да ги урива дивоградбите во Охридско, бараат антикорупционерите


Владата да ги преземе надлежностите на сите општини коишто се наоѓаат во Охридскиот регион кој е заштитен од УНЕСКО и да се справи со објектите коишто се бесправно изградени, побара денеска претседателката на Државната комисија за спречување на корупцијата Билјана Ивановска по седницата на ДКСК на која постапувале по предмети во врска со бесправно изградените …

Владата да ги урива дивоградбите во Охридско, бараат антикорупционерите Read More »

Кондарко: Деркоски едно потпиша, друго кажува


Државната изборна комисија денеска му доставила мислење на претседателот Стево Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, во кое е потенцирано дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. …

Кондарко: Деркоски едно потпиша, друго кажува Read More »

Викендов Грција очекува највисоки температури за 150 години


Рекордно високи температури во Грција, највисоки во последните децении за месец мај, се очекуваат во текот на викендот, а во одредени делови од земјата, според предвидувањата на метеоролошкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, ќе бидат и над 40 степени, јави дописничката на МИА од Атина. Грчките медиуми ја пренесуваат и изјавата на професорот …

Викендов Грција очекува највисоки температури за 150 години Read More »

Во Грција ќе се лета по 14 јуни


Грчката Агенција за цивилно воздухопловство преку издадените нови упатства за воздушниот сообраќај, најави продолжување на мерката за привремена забрана за летови од и кон Грција за седум земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нашата земја, привремената забрана за летови од и кон Грција е продолжена до 14 јуни 2020 година, а истото важи и …

Во Грција ќе се лета по 14 јуни Read More »

До 14 јуни 2020 година забрана за летови од С. Македонија кон Грција и обратно


Грчката Агенција за цивилно воздухопловство преку издадените нови упатства за воздушниот сообраќај, најави продолжување на мерката за привремена забрана за летови од и кон Грција за седум земји, меѓу кои и Северна Македонија. За нашата земја, привремената забрана за летови од и кон Грција е продолжена до 23.59 часот на 14 јуни 2020 година, а …

До 14 јуни 2020 година забрана за летови од С. Македонија кон Грција и обратно Read More »

Од понеделник јавниот превоз во Скопје од 5 до 19 часот


Од понеделник, 18 мај, се укинува двосменскиот режим на сообраќај во јавниот превоз и автобусите ќе сообраќаат непрекинато од 5 до 19 часот. Автобусите на ЈСП Скопје и на приватните превозници ќе продолжат да сообраќаат по саботен возен ред кој е објавен на веб-страницата на претпријатието. Исклучок се линиите 9, 19, 20 и 23 кои ќе возат …

Од понеделник јавниот превоз во Скопје од 5 до 19 часот Read More »

Лондон: Бројот на заразени во опаѓање, можно ублажување на мерките


Во Лондон бројот на новозаразени лица се спушти на 24 на ден, поради што експертите предвидуваат дека за две недели британскиот главен град би можел да биде без нови случаи на Ковид-19, објави „Сан“. Истражување на Институтот за јавно здравје на Англија и Универзитетот во Кембриџ покажува дека стапката на репродукција на вирусот во главниот …

Лондон: Бројот на заразени во опаѓање, можно ублажување на мерките Read More »

Густ, црн чад над Венеција, експлозија во хемиска фабрика


По експлозијата во фабрика за хемиски производи во индустриската зона во близина на Венеција во Италија, властите апелираа жителите да останат дома со затворени прозорци. Густ, црн чад се надви над градот, а полицијата објави црвен аларм на предупредување и исто апелираше луѓето да останат дома. Еден работник е повреден во експлозијата во фабриката која …

Густ, црн чад над Венеција, експлозија во хемиска фабрика Read More »

Кондарко: Деркоски едно потпиша во мислењето за Пендаровски, а после друго кажува


Државната изборна комисија денеска му доставила мислење на претседателот Стево Пендаровски во врска со изборниот процес и временската рамка, која е потребна за тоа, во кое е потенцирано дека ДИК смета оти е потребно Владата да донесе нова уредба со законска сила и да пропише нови рокови за Избирачкиот список и за увидот во него. …

Кондарко: Деркоски едно потпиша во мислењето за Пендаровски, а после друго кажува Read More »

Парите за партиите останаа и во ребалансот на Буџетот


Ставката за финансирање на политичките партии не претрпе никаква дополнителна промена во ребалансот на Буџетот, рече денес на прес конференција министерката за финансии Нина Ангеловска, одговарајќи на прашање на независен.мк. -Со одлуката за прераспределба помеѓу буџетските корисници и фондовите која беше усвоена пред еден месец имаше кратење на ставката за финансирање на политичките партии и …

Парите за партиите останаа и во ребалансот на Буџетот Read More »

Десетмина вработени во „Пошта“ си земале пари од туѓи сметки


Единицата за економски и компјутерски криминал при Секторот за внатрешни работи Скопје до ОЈО Скопје ќе поднесе кривична пријава против десет лица, З.Х. (29), Р.И. (34), И.Е.М. (32), С.П. (53), А.Ќ. (45), Ф.Љ. (35), Л.И. (26), М.Т. (62), Н.К. (55) и Х.Х. (42), сите од Скопје, вработени во АД „Пошта на Северна Македонија”, подружница Чаир, …

Десетмина вработени во „Пошта“ си земале пари од туѓи сметки Read More »

ДКСК: Уставен суд да пресече за продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин“


Државната комисија за спречување на корупција ќе упати барање до Уставниот суд да изврши оценка на членот 64 од Законот за денационализација поради, според нив, спорната продажба на земјиштето спроти „Холидеј Ин“. Ова денеска на прес-конференција го истакна претседателката на ДКСК Билјана Ивановска на која соопшти дека Комисијата го завршила предметот кој се однесува на …

ДКСК: Уставен суд да пресече за продажбата на парцелата спроти „Холидеј Ин“ Read More »

Одлуката дали ќе има избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести, вели Османи


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска го повтори ставот на Демократската унија за интеграција дека прашањето за избори за нив е секундарно во однос на зачувувањето на здравјето на граѓаните. Одлуката за тоа дали треба да има избори, според Османи, треба да ја донесат стручните лица од Комисијата за заразни болести. – Ќе го …

Одлуката дали ќе има избори треба да ја донесе Комисијата за заразни болести, вели Османи Read More »

Ребаланс на Буџетот: Расходите ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП


Државата годинава ќе потроши 3,95 милијарди евра, за 1,4 отсто повеќе од предвидувањата од почетокот на годинава, а дефицитот во државната каса ќе достигне 6,8 отсто од домашниот бруто производ, што е значително зголемување во однос на 2,3 отсто колку што беше проектирано претходно. Вкупните приходи сега се проектирани на 3,2 милијарди евра или за …

Ребаланс на Буџетот: Расходите ќе изнесуваат 3,95 милијарди евра, дефицитот 6,8 отсто од БДП Read More »

(ВИДЕО) Почна состанокот на Советот за безбедност


Во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски започна состанокот на Советот за безбедност  на која ќе се расправа за евентуално продолжување на вонредната состојба за 30 дена, колку што побара Владата заради справување со здравствената и институционална ситуација. На него покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот  ќе присуствува и доктор Жарко Караџовски од …

(ВИДЕО) Почна состанокот на Советот за безбедност Read More »