(ВИДЕО) Државите и компаниите ризикуваат милијарди во трката за вакцина против корона вирусот


Новата пандемиска парадигма за пронаоѓање вакцина е фокусирана на брзината и е полна со ризици   Во трката да развијат вакцина за ставање крај на пандемијата на Ковид-19, владите, добротворните организации и големите фармацевтски компании фрлаат милијарди долари во облози со извонредно ниски шанси за успех. Тие се на брза лента за тестирање и преглед […]

Кацарска: Судиите требаше да бидат пример за солидарноста


Зошто во сите истражувања на јавното мислење судството кај нас има најнизок рејтинг во општеството, а судската, според анкетите, е на врвот на најкорумпираните професии? Зошто луѓето не им веруваат на судиите? Зошто судството се смета за „џубокс“ на власта? На оваа тема во емисијата „Стадион“ на Радио Канал 77 дебатираа судијката Добрила Кацарска, адвокатите […]

И функционерите на ДУИ ќе ги донираат платите


Заменик-премиерот за европски интеграции Бујар Османи во објава на Фејсбук информира дека сите избрани и именувани функционери од редовите на ДУИ решиле разликата на нивните плати над минималната да ја донираат во Солидарниот фонд на Владата. – Одлуката на Уставен суд мора да се почитува, но солидарноста е лично право и морална должност на секој […]

Студија: Со лекот „ремдесивир“ пациентите со ковид-19 се лечат двојно побрзо


Во САД е направена нова голема студија за потенцијалната корист од експерименталниот лек „ремдесивир“ во лекувањето заразени со корона врирус. Студијата имаше за цел да покаже колку долго хоспитализираните пациенти треба да го земаат лекот за да дојде до подобрување на клиничката слика. „Пациентите кои се лекувале 10 дена постигнале слично подобрување на клиничката слика […]

Максим Димитриевски сега се сомнева во елиминација на неистомисленици


Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва преку објава на Фејсбук порача дека е разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во која рече дека се оградува од Димитриевски. „Длабоко сум разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна. Покрај политичка носиме и институционално-општествена одговорност кон граѓаните и […]

Бројката на починатите во Италија не паѓа под 300


Епидемијата во Италија сега стои на две илјади инфицирани лица дневно наместо три илјади, како што беше до неодамна, но тоа, според тамошните експерти, покажува дека земјата сѐ уште се наоѓа на платото и не почнала да sleguva надолу. Новите случаи денес се 2.086, речиси идентични со оние што беа вчера. Смртните случаи паднаа на […]

Данска: Епидемијата е под контрола


  Данска, која постепено ги укинува мерките во борба против корона вирусот, успеа да го стави под контрола ширењето на епидемијата, оцени декнеска владата. „Инфекцијата е под контрола и данската стратегија успеа во тешката прва фаза“, изјави во парламентот премиерката Мете Фредриксен. Данска во борбата против ширењето на вирусот ги затвори градинките, училиштата, гимназиите, местата […]

Собранието ќе се состане со одлука на Уставниот суд?


Уставниот суд, дознава Алсат, идната недела треба да ја разгледа уставноста на двете одлуки на претседателот Стево Пендаровски за прогласување вонредна состојба на иницијатива на партијата Левица. Од друга страна, Алсат дознава неофицијално дека судот може наскоро да ја оценува и уставноста на распуштањето на Собранието. Целта зошто се распушти Собранието не е реализирана и […]

Корона чао, Чукни во дрво, Ќе мине сѐ: Пее естрадата од карантин и урива рекорди


Во оваа фаза на изолација, кога сме повеќе од месец и половина во неможност да твориме и да ги исполнуваме своите обрски, естрадата најде начин да се доближи до публиката, да ја охрабри, да ѝ даде поддршка, да се солидаризира, да ѝ помогне, да знае дека не е сама. Со помош на песна, зашто музиката […]

Само десет нови случаи на Ковид-19 во Грција, почина уште едно лице


Во изминатите 24 часа во Грција се регистрирани десет нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број заразени се зголеми на 2.576 лица, а на починати на 139 лица, откако беше регистриран уште еден смртен случај, јави дописничката на МИА од Атина. Приклучено на апарати е 41 лице, а 71 пациент бил отпуштен од Одделите […]

Индија и врати на Кина половина милион тестови за корона вирус


Кинеските власти ја критикуваа одлуката на Индија да ги откаже нарaчките за повеќе од половина милион комплети за тестирање за корона вирус. Одлуката на Индија беше резултат на загриженоста која се појави во врска со точноста на кинеските тестови. „Неправедно и неодговорно е за одредени лица да ги означуваат кинеските производи како„ неисправни “и да […]

На Кипар ќе се тестираат 20 илјади вработени кои се враќаат на работа


За Ковид-19 ќе бидат тестирани 20 илјади вработени на Кипар, кои во првата фаза од олабавувањето на рестриктивните мерки ќе започнат со работа во компаниите, а имаат директен контакт со граѓаните, одлучи кипарската Влада на денешната седница, јави дописничката на МИА од Атина. Паралелно, владата одлучи на вработените во малопродажбата и во државната администрација кои […]

Уставниот суд возврати: Реакцијата на Владата непримерна и паушална


Уставниот суд, по повод одлуката за платите на судиите што Владата ја нарече скандалозна, излезе со соопштение во кое информира дека таа е донесена едногласно. – Кај сите судии во оваа фаза од постапката нема никаква дилема дека основано може да се постави прашањето за согласноста на овие акти со низа уставни и законски одредби. […]

Индустриското производство во март помало за 13,4 отсто


Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на индустриското производство во март 2020 година, во однос на март 2019 година, изнесува 86,6 односно производството е помало за 13,4 отсто. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2020 година, во однос на март 2019 година, бележи опаѓање од […]

Нова истрага за починатите мајка и син во Велес


Од обвинителот на Основното јавно обвинителство се добиени нови насоки за оперативни дејствија за расветлување на случајот со починатите мајка и син и припадниците на МВР постапуваат по нив, информира портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски на денешната прес-конференција. Тој потсети за настанот кога на 6 април во нивниот стан на улицата „Ѓорѓи Војтех“ во […]

Откриена уште една компликација од корона вирусот и зошто респираторите не се делотворни


Откако поминал речиси три недели на одделението за интензивна нега за лекување од корона вирус, лекарите на американскиот актер Ник Кородер мораа да му ја ампутираат десната нога. Крвотокот на 41-годишниот актер го спречувало згрутчување, а тоа е уште една опасна компликација на болеста која го зафати цел свет. Згрутчувањата од различни причини се честа […]

ЕВН донираше опрема за старата Градска болница


ЕВН Македонија донираше 13 перфузори и инфузиони пумпи за оддделот за интeнзивна нега во Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, попозната како Градска болница во Скопје. Оваа медицинска опрема, како што велат од компанијата, се користи за правилно и прецизно дозирање на лековите кај пациентите во интензивна нега, а за набавка на перфузорите […]

И оние што земале кредит од 1 до 24 март може да бараат одложување на ратите


Советот на Народната банка на редовна седница донесе регулаторни измени со коишто се овозможува банките и штедилниците со промена на договорните услови да го олеснат финансискиот товар и на кредитокорисниците на кои кредитот им е одобрен во периодот од 1 до 24 март оваа година. Поконкретно, со одлуката донесена во текот на минатиот месец беа […]

Германските производители на автомобили бараат помош од државата


Најголемите германски производители на автомобили ја повикаа германската Влада да помогне за заживување на побарувачката, бидејќи епидемијата на коронавирусот предизвика загуби во првиот квартал од оваа година. Според предвидувањата на „Фолксваген“, глобалната продажба на автомобили годинава ќе забележи пад од 15 до 20 проценти. Компанијата „Дајмлер“ објави пад на профитот од 70 проценти во првиот […]

Писонеро: Очекуваме преговарачката рамка за С. Македонија да ја презентираме во јуни


Портпаролката на Европската Комисија задолжена за проширување, Ана Писонеро, за МИА вели дека очекувањата во Брисел се дека преговарачката рамка за Северна Македонија ќе може да биде презентирана во јуни. Писонеро повтори дека Европската Комисија работи на подготовката на оваа преговарачка рамка уште од зеленото светло на земјите членки на ЕУ за старт на преговорите […]