Собранието ќе се состане со одлука на Уставниот суд?


Од друга страна, Алсат дознава неофицијално дека судот може наскоро да ја оценува и уставноста на распуштањето на Собранието. Целта зошто се распушти Собранието не е реализирана и сите рокови за изборите се пробиени, па и самиот изборен ден, 12 април. Ова значи дека причините поради кои Собранието беше распуштено веќе не важат.

Пред една недела Уставен одлучи дека нема основа да ја разгледува иницијативата за оценка на уставноста на одлуката за распуштање на Собранието на 16 февруари. Но, сега ситуацијата е променета и согласно тоа, судот се очекува уште еднаш да му се наврати на ова прашање. Тоа евентуално би му го отворило патот на Собранието да се врати на работа само два дена за да ги потврди одлуките за вонредната состојба и да  даде оценка за создавањето на услови за нови избори.