Германски виролог: Концентрацијата на вируси кај децата е 10.000 пати поголема


Германскиот виролог Кристијан Дростен предупреди на опасност од прерано отворање на детските градинки. Тој истакна дека врз основа на грипот и настинката се знае оти децата имаат големо количество вируси во грлото, објаснувајќи дека таа концентрација на вируси е 10.000 пати поголема отколку кај возрасните. Дростен нагласи дека децата имаат имунолошки систем без искуство, што […]

Над 40 лица заразени со ковид-19 на погреб во Турција


Над 40 лица се заразени со Ковид-19 на погреб во Турција, соопшти гувернерот на областа Ерзурум, Окај Мемиш и истакна дека вирусот е донесен надвор од областа. Четириесет и три локални жители од градот Текман, од областа Ерзурум, се заразиле по контакт со други лица кои пристигнале на погребот од различни делови на земјата. Две […]

Карин Ротфилд ве кани на добротворна amfAR ревија за Ковид-19


САД- Брендовите можеби паузираат од модните недели, но глобалната модна директорка на „ Harper’s Bazaar “ и ексуредничка на францускиот „Вог“, Карин Ротфилд најде безбедно место за модна ревија среде постојаната пандемија на коронавирус: преку Интернет. Ротфилд претходно помогна да се соберат милиони долари за истражување на СИДА преку нејзините гала-вечери„ amfAR“ на филмскиот фестивал […]

Поддршката од Светска банка ќе изнесува 140 милиони евра


Околу 90 милиони евра ќе се наменат за нов проект за брзо дејствување против Ковид-19, а 50 милиони евра за мерката за „финансиска поддршка од 14.500 денари по вработен“   Поддршката од Светска банка за Република Северна Македонија за справување со последиците од Ковид -19 кризата, ќе изнесува околу 140 милиони евра. Дел од средствата […]

МОТ: Половина од работната сила во светот се соочува со губење на приходите


На светско ниво, над 436 милиони компании се соочуваат со голем ризик од сериозни прекини. Овие компании работат во најпогодените економски сектори   Најновите податоци на Меѓународната организација на трудот за влијанието на пандемијата предизвикана од КОВИД-19 врз пазарот на трудот покажуваат поразителни ефекти врз работниците во неформалната економија и стотитици милиони компании низ светот. […]

Атанасов: Време е за ремонт во образованието, инаку ќе ја платиме цената на неквалитетни генерации


Идните наставници кои се стекнуваат со знаење на факултетите, треба да се обучуваат во насока на модерното време и технологијата, бидејќи реформите во образованието треба да бидат насочени кон начинот на кој децата сега функционираат, а тоа е користењето на дигиталните алатки, вели Петар Атанасов, поранешен заменик министер за образование. -Министерството за образование ги има […]

Полицискиот час не го почитувале 51 лице, 34 приведени


Во изминатото деноноќие 51 лице на ниво на цела држава не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 34 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, информира Министерството за внатрешни работи. Според статистичките податоци за изминатото деноноќие, на 72 лица им се издадени решенија за изолација, а 57 […]

Последните места на светот без Ковид-19


Ковид-19 се појави во 214 земји и територии во светот и зарази повеќе од три милиони луѓе, но 33 земји и територии се уште немаат пријавено ниту еден случај. Меѓу овие земји спаѓаат Комори, Лесото, Таџикистан и малите островски држави на Тихиот Океан, како Науру, Кирибати и Соломонските Острови. До 20 април, од вкупно 247 […]

Апокалиптични сценарија не се рецепт за излез од кризата


МИРЧЕ ЈОВАНОВСКИ Здравствената криза барем на кратко го обедини општеството против невидливиот непријател, но економската во која сме веќе навлезени се заканува истото тоа општество длабоко да го подели   Колку што минува повеќе времето во услови на корона станува појасно дека здравствената криза барем на кратко го обедини општеството против невидливиот непријател, но економската […]

Научници советуваат некои од мерките да останат на сила додека не се пронајде вакцина


Четири водечки научни организации во Германија истакнаа дека некои од мерките што се воведени да се спречи ширење на Ковид-19 мораат да останат на сила, додека не се пронајде вакцина или се постигне колективен имунитет. Во заедничко соопштение, организациите истакнаа дека нивните математички модели покажуваат дека стапката на репродукција на епидемијата во Германија е под […]

(ВИДЕО) Зошто е потребно долго време за да се развие вакцина?


 Клиничкото испитување на вакцините се однесува на нивната безбедност и ефикасност пред да се стават во употреба. Самиот процес на клиничко тестирање се одвива во четири фази. Во првата фаза, вакцината се тестира на мала популација на волонтери, неколку десетици субјекти, за да се утврди дали е безбедна, така што се следи појавата на […]

Во Дрисла веќе нема да се гори медицински отпад


Медицинскиот отпад од целата земја ќе се третира во депонијата „Дрисла“ во нов стерилизатор-аутоклав, набавен од Италија. Нов инсенератор нема да се купува, а постоечкиот ќе се користи само за горење документација. Капацитетот на стерилизаторот е 2.000 литри на час и ќе ги задоволи потребите за третман на отпадот од сите медицински установи во државата. Директорот на „Дрисла“, Коста Начевски, информира дека депонијата одлучила наместо […]

Авиокомпаниите по багателни цени нудат билети и за почетокот на мај


И покрај апелот на Министерството за транспорт и врски граѓаните да се воздржат од купување авиобилети за патување во странство, авиокомпаниите кои летаат од македонските аеродроми веќе продаваат карти за најголем број од дестинациите до кои се лета од Скопје и Охрид, јавува Мета. На веб-страниците на некои авиокомпании може да резервира билет за летови […]

По прележана корона, Том Хенкс дарува крвна плазма


САД- Кога на почетокот на март популарниот холивудски актер Том Хенкс заболе од корона вирусот, тоа за многумина беше знак дека овој вирус навистина е опасен. За среќа, тој и неговата сопруга Рита Вилсон се опоравија по неколку седмици цо болница во Австралија, каде глумецот снимаше. Том Хенкс сега на Твитер објави фотографии од давање […]

Џентилони: Планот за опоравување на ЕУ ќе биде подготвен во втората половина од 2020


Планот за опоравување на Европа од кризата предизвикана од Ковид-19 треба да биде подготвен да стапи на сила во втората половина од годинава, нагласи еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Џентилони, поранешен шеф на италијанската дипломатија, во интервју за францускиот весник „Лес Ехос“ рече дека планот за опоравување, за кој лидерите на ЕУ се уште анализираат, […]

Во затвор во Лос Анџелес заразени повеќе половината затвореници


Повеќе од половината затворениците во сојузниот затвор во Лос Анџелес се позитивни за Ковид-19, а двајца починаа, соопшти денеска американското Биро за затвори. Од 1.055 затвореници, 570 се заразени како и 10 членови на обезбедувањето. Многу затвореници се асимптоматски пациенти.

Побарувачката за енергија на историско ниско ниво


Ковид-19 година се очекува да предизвика историско ниско ниво на побарувачка за енергија , како резултат на невиден пад на побарувачката за јаглен, нафта и гас, соопшти денеска Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Глобалниот преглед на енергетската ефикасност на ИЕА се заснова на анализа на побарувачката на електрична енергија во текот на повеќе од 100 […]

Стравот од отпуштања го крена синдикатот против подновената мерка „14.500 денари субвенции за плати“


Владата презентираше нови, олеснети услови за мерката за финансиска помош за исплата на плати за месеците април и мај за вработените во стопанството, што треба да стартува за неколку дена. Реакции уследија од синдикатите и здруженијата на граѓани кои не се согласуваат со променетите услови што нудат можности за поголема флексибилност околу задржувањето на бројот […]

Њујорк: 100 тела најдени во камиони без ладење по повици за „силна миризба“


Властите во Њујорк откриле тела на 100 починати од коронавирус во два камиони фургони без ладење по повици дека од камионите се шири силна смрдеа, јави снноќа Еј-би-си. Според извештаите, во секој од фургоните паркирани недалеку од погребален дом во Бруклин, имало по 50 тела. Според властите, фургони без ладење не се соодветен начин за […]