Карин Ротфилд ве кани на добротворна amfAR ревија за Ковид-19


САД- Брендовите можеби паузираат од модните недели, но глобалната модна директорка на „ Harper’s Bazaar “ и ексуредничка на францускиот „Вог“, Карин Ротфилд најде безбедно место за модна ревија среде постојаната пандемија на коронавирус: преку Интернет. Ротфилд претходно помогна да се соберат милиони долари за истражување на СИДА преку нејзините гала-вечери„ amfAR“ на филмскиот фестивал во Кан. И овој петок во 4 П.М. EST, таа се здружи со amfAR уште еднаш за Fashion Unites, првото само-снимано модно шоу, кое ќе собере ѕвездена постава со Ким Кардашијан Вест, Хејли Бибер, Каролин Марфи, Наташа Поли, Ева Херцигова, Ешли Греам, Анок Јаи, Ирина Шајк, Адриана Лима, Aлесандра Амброзио, Вини Харлоу, Стела Максвел и Халима Аден.

Ревијата има за цел да ја подигне свеста за напорите за истражување предводени од новосоздадениот amfAR за борба против Ковид-19, а истовремено нуди и 30 минути возбудлива забава за секој што придонесува во спречување на заразата со останување дома. Креациите ќе бидат извадени од плакарите на манекените и дизајнерите, во видео консултација со Ротфилд, со пораки за благодарност за работниците во првите редови – „сите медицински сестри, доктори, работници на ЕМТ, возачи на камиони, работници во самопослуги “…

Се разбира, подготвувањето модели за писта од далечина претставува предизвик. Сем МекКајни и Том Печекс оддалеку ќе даваат насока за косата и шминката, а манекенките сами ќе се погрижат за нивниот завршен изглед за ревијата.