Максим Димитриевски сега се сомнева во елиминација на неистомисленици


Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски вечерва преку објава на Фејсбук порача дека е разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов во која рече дека се оградува од Димитриевски.

„Длабоко сум разочаран од изјавата на портпаролот на СДСМ и ја сметам за избрзана и несреќна. Покрај политичка носиме и институционално-општествена одговорност кон граѓаните и јавноста кои не избираат по предлог на партиите. Дебатата ќе ја водиме внатре во партијата. Сега е време за дејствување против епидемијата и помош на граѓаните. Не сакам ни да помислам дека некој во овие тешки моменти се поигрува со здравјето на моите сограѓани, води политика и креира црни сценарија за елиминација на неистомисленици. До тогаш останувам посветен на борбата против епидемијата и моите секојдневни обврски за доброто на сите граѓани. Уште еднаш ја повикувам директорката на Државниот здравствен и санитарен инспекторат и министерот за здравство да го достави извештајот на увид на мене, штабот и јавноста, сепак тоа не е таен документ“, порача Димитриевски.

Тој објави и дека денеска го добил вториот тест од кој бил негативен и се враќа на работа.