Откриена уште една компликација од корона вирусот и зошто респираторите не се делотворни


Откако поминал речиси три недели на одделението за интензивна нега за лекување од корона вирус, лекарите на американскиот актер Ник Кородер мораа да му ја ампутираат десната нога.

Крвотокот на 41-годишниот актер го спречувало згрутчување, а тоа е уште една опасна компликација на болеста која го зафати цел свет.

Згрутчувањата од различни причини се честа компликација меѓу болните на интензивно лечење, но нивната зачестеност е поголема кај заболените од ковид-19 што е и очекувано.

„На одделението во кое работам има 40-годишници со згрутчувања на прстите, а нема никаква причина за тоа освен вирусот“, вели Шари Бронсмахејт, докторка на интензивна нега во њујоршка болница.

„Еден од нив има големи проблеми со дотокот на крв во двете нозе и во двете раце и веројатно ќе мораме да извршиме ампутација“, вели таа.

Крвните згрутчувања не се опасни само за крајниците, туку и за белите дробови, срцето, мозокот и може да доведат до удар.

Во неодамнешна студија откриено е дека 31 од 184 пациенти имале компликации со згрутчувања, што е многу висок процент.

Зошто се случува ова?

Бехнуд Бајкдели, доктор во њујоршка болница, собрал меѓународен тим стручњаци за да го проучат проблемот. Нивните откритија се објавени во магазинот на Американскиот колеџ за кардиологија.

Заклучиле дека ризикот од појава на згрутчувања е толку висок што овие пациенти заболени од ковид-19 треба превентивно да добиваат лекови за разредување на крвта, пренесе МСН.

Има неколку можни причини за тоа. Често пациенти со потежок облик на Ковид-19 од порано страдаат од некоја болест, како болести на срцето или белите дробови. Тие сами по себе се поврзани со повисок ризик од развој на тромбоза.

И престојот на одделението за интензивна нега го зголемува ризикот затоа што пациентите таму подолго време лежат неподвижно, што е причина за развој на тромбови.

Болеста ковид е поврзана и со невообичаена реакција на имунолошкиот систем која се нарекува цитокинска бура, а некои истражувања упатуваат на тоа дека и тој феномен е поврзан со повисока стапка на стварање тромбови.

Можно е за нивната појава да е одговорен и самиот корона вирус, што лекарите го забележале кај некои други вирусни заболувања.

Стручната работа објавена минатата недела во научниот магазин од полето на медицината „Лансет“ укажува на тоа дека вирусот може да се всели во епителот, ткиво кое ги обложува органите и крвните садови, што во теорија може да влијае на процесот на згрутчување.

Микрогрутки

Иако антикоагулантите како хепарин кај некои апциенти делуваат добро, кај други не делуваат затоа што згрутчувањата се премали, појасни д-р Бронсмахејнт.

„Микрозгрутчувања има полно и не знаеме каде точно се наоѓаат“, вели таа.

Обдукцијата на некои пациенти покажа дека белите дробови им се преполни со микрозгрутчувања. Но, појавата на новата енигма реши една постара.

Докторката Сесилија Мирант -Борде од одделението за интензивна нега на Менхетен, вели дека белите дробови полни со микрозгрутчувања објаснуваат зошто респираторите не биле од помош кај многу пациенти.

На почетокот на пандемијата лекарите тие пациенти ги лечеа според протокол за синдром на акутен респираторен дистрес, познат како “мокри гради“.

Причината за тоа што респираторите некаде не делуваа не беа гради полни со вода, туку микрозгрутчувањата кои ја блокираа циркулацијата, па крвта ги напушташе белите дробови без многу кислород.

Поминаа пет месеци од појавата на вирусот во Вухан, Кина, а лекарите секој ден за него дознаваат уште нешто.

„Иако сме изненадени од откритието, сепак не би требало да бидеме. Вирусите се непредвидливи“, вели д-р Бросмахејнт.