Данска: Епидемијата е под контрола


 

Данска, која постепено ги укинува мерките во борба против корона вирусот, успеа да го стави под контрола ширењето на епидемијата, оцени декнеска владата.

„Инфекцијата е под контрола и данската стратегија успеа во тешката прва фаза“, изјави во парламентот премиерката Мете Фредриксен.

Данска во борбата против ширењето на вирусот ги затвори градинките, училиштата, гимназиите, местата за јавно собирање, како и рестораните, кафулињата, салите за вежбање и фризерските салони, а забрани и собирање повеќе од 10 луѓе,

Во меѓувреме се укинати некои мерки,па учениците до шесто одделение се вратија на училиште, а отворени се и фризерските салони и почнаа со работа салоните за тетовирање. Втората фаза за ублажување на мерките треба да почне околу 10 мај.

Данска од 1 април го прошири тестирањето на лицата кои имаат благи симптоми на зараза, додека порано се тестираа само тешко заболените.

Во оваа земја има 9.206 заразени, а од последиците од ковид-19 починаа 443 лица.