Заев: За граѓаните кои заради околностите ќе останат без работа, Владата обезбедува 50 проценти од просечна плата што ја земале


Владата предводена од СДСМ се грижи за сите и преку пакет различни мерки за различните категории граѓани, преку иницирање солидарно однесување во општеството, ќе направиме се ударот од кризата да биде најмал, напиша денеска претседателот на СДСМ Зоран Заев на својот Фејсбук профил, додавајќи дека за ова охрабруваат и денешните проекции на Светска банка, според […]

НБРМ: Банкарскиот систем подготвен да се справи со шокот од корона кризата


Банкарскиот систем е подготвен да се справи со шокот од корона-кризата, стои во Извештај за ризиците во банкарскиот систем во 2019 година усвоен на редовната седница на Народната банка.  Како што соопшти денеска централната банка, податоците и констатациите во Извештај потврдуваат дека системот е здрав и стабилен и поставен на цврсти основи, како и дека […]

Синдикатите контра Ангеловска: Не смее да се дозволи отпуштање на вработени


Синдикати и здруженија на граѓани кои се залагаат за правата на работниците во заедничка реакција се спротиставуваат на изјавата на министерката за финансии Нина Ангеловска за олабавување на условите за задржување на бројот на вработени при користење на мерката за субвенции на плати за стопанството. – Доколку ова се реализира, тоа ќе значи десетици илјади нови […]

Унгарски новинари се жалат на цензура


Државните органи одговараат само на избрани прашања од избрани новинари, а лекарите се плашат да зборуваат поради страв од казна, изјавија опозициски новинари од Унгарија во истражување спроведено во земјата. Приврзаниците на унгарската владејачка партија ги сметаат ваквите тврдења како „исполитизирани“, објави Би Би Си. Невладината организација Унгарска унија за граѓански слободи (ТАСЗ), откако овој […]

Панорамскиот лифт во ГТЦ ќе се откаже


Панорамскиот лифт кој почна да се гради во Градскиот трговски центар во СКопје ќе се откаже, тврди скопскиот градоначалник Петре Шилегов. На денешната прес-конференција, прашан за панорамскиот лифт ГТЦ, тој рече дека Град Скопје нема ингеренции врз трговскиот објект, ниту панорамскиот лифт бил дел од проектот што го финансирале за зазеленување на дел од кровот […]

ЕК најави економски и инвестициски план за Западен Балкан од 3,3 милијарди евра


Европската Комисија (ЕК) официјално најави дека ќе ги поддржи земјите од Западниот Балкан со 3,3 милијарди евра за справување со здравствената криза, како и со социоекономските последици од неа, јави дописничката на МИА од Брисел. -Имаме посебна одговорност да им помогнеме на нашите партнери на Западниот Балкан во оваа пандемија, затоа што нивната иднина јасно […]

Излекувани 38, нови 21 случај со ковид-19, но двајца починаа


Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти и тоа во Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се потенцира во соопштението, почина 50-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката […]

Премиерот Спасовски е негативен и на второто тестирање на КОВИД-19


Премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук објави дека е негативен и на вториот тест за коронавирус, за кој резултатот го добил денеска. Воедно и порачува дека е многу е важно сите да ги почитуваат мерките и препораките. – Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да […]

Владата „брцнала“ во независноста на судиите, не само во платите


Непопуларните мерки, вели Наташа Габер-Дамјановска, ќе бидат нужност, но државата не треба да прави дистинкција меѓу одредени категории вработени   Слободанка Јовановска Владата со уредбата да ги стави на минималец платите на судиите и на јавните обвинители им ја загрозила независноста, е генерална оценка во рамките на фелата, откако јавноста го сфати тоа како себичност […]

Коле Ангеловски и Зорка Тодорова-Младеновиќ добитници на „Златен објектив“ за 2020


Актерот и режисер Коле Ангеловски и костимографката Зорка Тодорова-Младеновиќ се овогодинешните добитници на наградата „Златен објектив“ за 2020 одлучи Управниот одбор на Кинотеката на Македонија. По повод својот роденден, Кинотеката секоја година го доделува „Златниот објектив“ на филмски работници кои преку својот професионален ангажман придонеле за создавањето, развојот, промовирањето и популаризацијата на македонската кинематографија. На […]

Негативен и вториот тест на министерот Филипче, завршува неговата изолација


Негативен на коронавирус е и вториот тест на министерот за здравство Венко Филипче, кој резултатот го добил денеска. Со тоа завршува и неговата 14-дневна изолација која беше на негова иницијатива иако, како што вели, епидемиолозите не сметале дека е во ризик. -Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни […]

(Видео) Пандемијата ја забрза реконструкцијата на скопските булевари


Градот Скопје обезбеди 760 милиони денари, дел сега дел во следната година, за реконструкција и изградба на булевари и улици. Пандемијата од корона вирус нема да ги запре градежните работи, туку напротив ќе ги забрза, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција. Градот Скопје има одлични финансиски резултати затоа нема рестрикции во реконструкции […]

Борис Џонсон стана татко по шести пат


Англија– Британскиот премиер Борис Џонсон и неговата свршеница Кери Симондс денеска добија син. Портпаролката на двојката истакна дека мајката и бебето се чувствуваат одлично. – Премиерот и неговата партнерка Симондс со восхит го објавуваат раѓањето на здраво момче рано изутринава во болница во Лондон, изјави портпаролката, додавајќи дека тие му заблагодаруваат на „прекрасниот медицински персонал“. […]

Границата меѓу Словенија и Хрватска може да биде отворена до крајот на мај


Ако нема повторно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, границата меѓу Словенија и Хрватска може повторно да биде отворена до крајот на мај, јави дописникот на МИА од Љубљана. На оваа тема во Загреб разговараа министерот за економија на Словенија Здравко Почивалшек и хрватскиот министер за туризам Гари Цапели, по што двајцата се согласија […]

Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник пристигнала во ОЈО Куманово


Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово, потврдија од Јавното обвинителство на РСМ. Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување. Оттаму додаваат дека обвинителството ќе преземе дејствија во насока на проверка на наводите од кривичната пријава. СВР Куманово ја поднесе кривичната пријава до Обвинителството по […]

Земјотрес од 6,6 степени по Рихтер ја погоди Куба


Силен земјотрес со јачина од 6,6 степени по Рихтеровата скала ја погоди денеска Куба. Епицентарот на земјотресот беше на 48 километри југоисточно од регионот Баракоа, на длабочина од два километра. Засега нема информации за повредени или материјална штета.

Четири новозаразени во Прилеп, 41 излекувани од ковид-19


Општинскиот кризен штаб на Прилеп денеска одржа седница на која се разговараше за актуелната состојба со вирусот ковид-19 и за мерките што ќе се преземаат за справување со вирусот. Градоначалникот Илија Јованоски по седницата на ОКШ, онлајн информираше дека има 4 нови случаи на заразени прилепчани со коронавирусот, со што вкупната бројка на инфицирани достигна […]

Коронавирусот го запре производството на Сахер торти


Австрија – Австрискиот хотел Сахер, познат ширум светот по своите оригинални „Сахер торти”, поради корона-пандемијата, засега веќе не го произведува својот сладок заштитен знак – една од поомилените „туристички атракции“ во автриската престолнина Виена. Производството засега е сведено на нула. Шефот-готвач на „Сахер”, Матијас Винклер вели дека не се исплати да се прават торти само […]

Царовска: Прерано е да се зборува колкав ќе биде падот на БДП


Прерано е да се зборува колкав ќе биде падот на БДП и посебно по сектори, рече денес вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање. „Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд исто така проектираат дека ќе имаме пад во нашата држава, и во регионот и светот воопшто, со очекување дека следната година брзо […]

Волстрит џурнал: Тајна група научници и милијардери подготвени со проект – Атомска бомба против Ковид-19


САД – Десетина врвни американски научници и група милијардери тврдат дека имаат решение за пандемијата на новиот коронавирус и пронашле врата, преку која можат да го реализираат планот во Белата куќа. Групата вклучува хемичари и биолози, имунобиолог, невробиолог, хронобиолог, онколог, гастроентеролог, епидемиолог и нуклеарен научник, објави Волстрит џурнал. Тие се нарекуваат „Научници за запирање Ковид-19“. Својата […]