(Видео) Пандемијата ја забрза реконструкцијата на скопските булевари


Градот Скопје обезбеди 760 милиони денари, дел сега дел во следната година, за реконструкција и изградба на булевари и улици.

Пандемијата од корона вирус нема да ги запре градежните работи, туку напротив ќе ги забрза, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на денешната прес-конференција.

Градот Скопје има одлични финансиски резултати затоа нема рестрикции во реконструкции на улиците.

– Сакаме да ги сочуваме сите работни места во сите гранки, а на овој начин го помагаат градежниот сектор – додаде Шилегов.

Најави дека до крајот на 2020 година ќе бидат реконструирани следните сообраќајници: „Теодосиј Гологанов“, „Македонска Косовска бригада“, „Никола Карев“ до Момин Поток, „Есенинова“, што ќе ги спои Аеродром со Кисела Вода. Понатаму „Александар Македонски“ од крстосницата кај Автокоманда до почетокот, „Киро Глигоров“ од мостот Близнаци до клучката. реконструкција на „Видое Смилевски Бато“ од „Февруарски поход“ до „Јане Сандански“. „11 Октомври“, Васил Ѓоргов, Востаничка, „Никола Парапунов“, „8 Септември“, „Џон Кенеди“, Лазар Личеновски“, Благоја Стефковски“.

– Следната недела го пуштаме во функција булеварот „Христијан Тодоровски Карпош“, а интензивно се работи на реконструкција на улица „Индира Ганди“, интензивно се работи на првата фаза од „Босна и Херцеговина“, а при крај е постапката за втората фаза – рече Шилегов.

Најави дека при крај е колекторот во Ново Лисиче, при што ќе биде реконструиран тој дел од булеварот „Србија“, што ќе се спои со реконструираниот „АСНОМ“, а Шилегов очекува другата година да биде пуштен во употреба и мостот преку Вардар.

Годинава треба да започнат градежните активности на крстосницата кај Момин поток, мостот во Карпош 4, булеварот „Борис Трајковски“ и последната фаза од „АСНОМ“.

– Продолжуваме да работиме со интензивно темпо. Развојот на сообраќајната мрежа нема да запре. Ќе се надоградува и со велосипедски патеки. На тој начин директно ќе придонесеме кон намалување на економската криза не само во нашиот град туку и во целата држава – рече Шилегов на денешната прес-конференција.

https://www.facebook.com/MediumskaInformativnaAgencija/videos/231599617905197/