Излекувани 38, нови 21 случај со ковид-19, но двајца починаа


Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 38 оздравени пациенти и тоа во Скопје-19, Тетово-3, Струга-9, Битола-4 и Гостивар-3.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, како што се потенцира во соопштението, почина 50-годишен пациент од Скопје, хоспитализиран на 6 април, кој 17 дена бил на механичка вентилација. На Клиниката за онкологија почина 51-годишен пациент од Прилеп, чиј позитивен резултат на Ковид-19 пристигнал вчера.

Во изминатите 24 часа направени се 279 тестирања, а потврден е 21 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје – 7, Куманово -6, Прилеп-4, Тетово-1, Пехчево-1, Делчево -1, Струга-1. Со ова вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја изнесува 1.442, бројката на оздравени пациенти е 627, на починати е 73, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.

По завршување на епидемиолошка анкета, за две лица кои во вчерашниот извештај на Институтот за јавно здравје беа заведени во Кавадарци, е утврдено дека се жители на Демир Капија. Во денешниот извештај на ИЈЗ ќе биде направена исправка и тие ќе бидат заведени во Неготино, бидејќи Демир Капија спаѓа во оваа подрачна единица, информираат од Министерството.

Согласно ова, како што се наведува, последната дистрибуција по градови е следна: Скопје – 493, Куманово – 384, Дебар – 51, Штип-34, Прилеп –147, Тетово – 76, Струга – 66,      Велес – 69, Битола –19, Охрид –15, Кавадарци – 5, Гостивар –17, Гевгелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 5, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 28, Пробиштип – 2, Кичево – 2, Неготино -7, Демир Хисар – 1, Македонски Брод – 2, Пехчево – 2, Делчево- 1, Валандово -1, Виница – 2.

Направени се 279 теста и тоа преку: ИЈЗ –146, Ветеринарен факултет -20 , Авицена –25, Биотек –29, Клиника „Жан Митрев“ – 39, Систина со PCR метода  -12  и МАНУ – 8.  Досега во земјата се направени вкупно 16.050 тестирања на Ковид -19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби примени се двајца нови пациенти, а хоспитализирани се вкупно 52. На кислородна поддршка се 28, а на механичка вентилација се тројца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ примени се примени осум пациенти, а вкупно хоспитализирани се 35. Со потешка клиничка слика се пет пациенти, а на респиратор се вкупно шест пациенти.

Во Клиничката болница во Битола се лекуваат пет пациенти, а на домашно лекување се следат четворица пациенти. Во Клиничката болница во Штип се хоспитализирани тројца пациенти, а уште шест се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Гостивар, Куманово, Велес и Прилеп се лекуваат 42 позитивни и суспектни на Ковид-19, се посочува во соопштението од Министерството за здравство.

Од Министерството додаваат дека министерот за здравство Венко Филипче денеска нема да одржи прес-конференција, но Службата за односи со јавност е отворена за сите новинарски прашања и тие ќе бидат одговорени во најкраток можен рок.