Мицотакис: Парламентот ќе работи цело лето


Атина – Парламентот оваа година нема да ја прекине работата за летната сесија и од сега до 31 јули имаме 26 закони што требаше да се донесат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, објаснувајќи им на министрите дека до крајот на јули, е особено набиена законодавната агенда. Во однос на олабавувањето […]

ССМ не се согласува фирмите што ќе добијат помош да отпуштаат вработени


Сојузот на синдикати на Македонија реагира на денешната изјава на министерката за финансии во врска со олабавувањето на условите за задржување на бројот на вработени при користење на мерката за субвенции на плати за стопанството. Од Синдикатот бараат итна средба со министерката за финансии со цел да се надмине оваа, како што велат, погубна уредба. […]

Првачињата ќе се запишуваат и во јуни


– За уписите кои се одвиваат од мај до септември, но оваа година поради пандемијата одлучивме уписот на првачињата да биде во јуни. Во сетот мерките кои ги предложивме до Владата за разгледување стои да се пролонгира рокот за упис на првачиња од мај до јуни, имајќи предвид дека им требаат потврди за примени вакцини, […]

Какви поволности нудат мерките за помош на компаниите


Новини во мерката за 14.500 денари финансиска поддршка од Владата за исплата на плати за април и мај годинава по вработен во стопанството, а кои се однесуваат  на зголемување на опфатот на фирмите, олеснување на дел од критериумите и зголемување на флексибилноста, претстави денеска министерката за финансии Нина Ангеловска. Таа појасни дека станува збор за […]

Во Албанија нови 16 случаи со Ковид-19, вкупно 766 заразени


Во последното деноноќие во Албанија од тестираните 270 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 16 од нив, со што бројот на вкупно заразените од Ковид-19 во земајта се зголеми на 766 лица. Од ново заразените девет се од Тирана, пет од Круја додека по еден од Скадар и Берат. -Во исто време во списокот […]

Димитров по повод Денот на МНР донира маски и визири на Црвениот крст


Министерот за надворешни работи Никола Димитров по повод 29 Април – Денот на Министерството за надворешни работи донираше маски и визири во Црвениот крст на Северна Македонија. – Министерството за надворешни работи деновиве организираше транспорт на медицинска помош од Пекинг до Скопје, од која еден дел – 10.400 заштитни маски и 1.000 визири, кои преку […]

Во време на полициски час пловеле со едрилици во Охридското Езеро


Основното јавно обвинителство Струга до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против четири лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Струга. -Двајца обвинети не ја почитувале Одлуката за забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија. Во одделни кривично правни […]

Ангеловска не ја коментира одлуката на Уставниот суд, но смета дека сите треба да бидат солидарни


Министерката за финансии Нина Ангеловска не сака да ја коментира одлуката на Уставниот суд за оспорување на уредбата на Владата со која сите именувани лица требаше да земат минимална плата од 14.500 денари, но вели дека сите треба да бидат солидарни во ситуација кога земјава се справува со коронавирусот. На прес-конференцијата во Владата, Ангеловска рече […]

Документарец за Мишел Обама: Поглед зад сцената на светската турнеја на автобиографијата-бестселер


САД- Промовирањето на Мишел Обама на својата автобиографија насловена „Becoming: Мојата приказна“ – најпродаваната книга за 2018 година – се претвори во документарен филм за „Нетфликс“. “Becoming, поглед зад сцената на турнејата во 34 градови на поранешната прва дама, ќе почне да се прикажува на 6 мај,“ се вели во соопштението на „Нетфликс“. Документарецот е […]

(Во живо) Прес на Царовска, Адеми, Бајрактар, Шкријељ и Димковски


Заменичката на претседателот на Владата, задолжена за економски прашања и за координација со економските ресори, Мила Царовска, министерот за образование и наука, Арбер Адеми, заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар, дополнителната заменик министерка, Санела Шкријељ и министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе одржат прес-конференција. Проследете ја во живо:

Каролина прослави 40 години во карантин: Ова бројче заслужуваше журка


Дамите не ги откриваат годините, ама поп-ѕвездата Каролина Гочева гордо си ги носи своите 40 години. На социјалните мрежи се пофали за роденденот во домашна атмосфера, заедно со сопругот, уметникот Михаил Корубин. На Инстаграм објави фотка на која позира покрај цветната торта, опуштена, природна и насмеана, додавајќи го коментарот: -Другари, фала ви на сите за […]

Што треба да знаат лицата заболени од малигни болести за Ковид-19


За КОВИД 19 се знае дека претставува голема закана за лицата заболени од малигни болести, од една страна заради ризикот од заразување со инфекцијата, и од друга страна затоа што може да се соочат со потежок тек на болеста. Така овие пациенти имаат поголем ризик од компликации, па затоа треба да преземат соодветни заштитни мерки. […]

Четири лица повредени во напад со нож во германското гратче Ханау


Група мажи синоќа повредија со нож четворица минувачи во германскиот град Ханау, по што побегале. Првичните извештаи покажуваат дека пет или шест мажи нападнале минувачи во центарот на гратчето, кое се наоѓа во близина на Франкфурт на Мајна. Четворицата повредени мажи, на возраст меѓу 17 и 26 години, се пренесени в болница, но не се […]

Светска банка предвидува пад на БДП меѓу 1,4 и 3,2 отсто, најмалку во регионот


Според најновиот Редовен економски извештај (РЕИ) на Светска банка, растот во земјата за 2020 се прогнозира да биде помеѓу -1,4 и -3,2 проценти – во кој се дава основно сценарио и неповолно сценарио во однос на високата несигурност што ја носи пандемијата. Во основното сценарио се претпоставува дека епидемијата во Европа ќе почне да забавува […]

Точни, брзи и официјални информации за Ковид-19 на Вибер преку „Коронавирус МК Koronavirus“


За точно и навремено информирање на граѓаните со официјални и проверени информации поврзани со справувањето со коронавирусот, Владата на Република Северна Македонија денеска соопшти дека отворила нов информациски канал на популарната апликација за дигитални комуникации „Вибер“. Првиот владин комуникациски канал на „Вибер“ (Viber Community) може да се најде под името „Коронавирус МК Koronavirus“, исто како […]

Генералниот директор на АДСДП останува на минимална плата, остатокот ќе го уплати во солидарниот Фонд


Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје Кристијан Трајковски, одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19. – Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред се чувството за одговорност, во […]

ЦЕА: Македонија ја подобри буџетската транспарентност


Македонија направи прогрес во објавување на клучни информации кои може да и помогнат на јавноста да ги разбере буџетските политики, одлучувањето и резултатите според последното истражување на Меѓународното партнерство за буџети-МПБ. Како што соопшти тимот на Центарот за економски анализи (ЦЕА), Меѓународното партнерство за буџети за првпат во 2019 го спроведе истражувањето на секторската фискална […]

Нови олеснувања за фирмите – поголема помош за најпогодените и можност за помалку вработени


Нови, олеснети критериуми за поддршка на микро, малите и средни претпријатија, кои ќе бидат достапни од 1 мај годинава, презентираа денес Министерката за финансии Нина Ангеловска и директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска. Една од новините е можноста микро и малите фирми кои ќе добијат финансиска поддршка да можат да го намалат бројот […]

Почина Ирфан Кан, ѕвездата на оскаровците „Slumdog Millionaire и „Life of Pi“


Индија- Индискиот актер со холивудска кариера Ирфан Кан,ѕвездата на филмовите што добија Оскар, меѓу кои е и „Slumdog Millionaire и „Life of Pi“, почина на 53-годишна возраст. Тој вчера бил примен во болница во Мумбаи со инфекција на дебелото црево, но се вели дека неговата состојба се влошила. Како што јави Би-би-си, последните информации говорат дека тој […]

АФПЗРР: До крај на април да се искористат ланските картички за зелена нафта


Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги известува сите корисници на мерката „зелена нафта“ дека рокот на минатогодишните картички за точење на „еуро дизел“  гориво за земјоделска механизација истекува на 30 април 2020 година. -Апелираме до сите земјоделци, доколку имаат уште средства за точење на  гориво за земјоделската механизација, истите да ги […]