Генералниот директор на АДСДП останува на минимална плата, остатокот ќе го уплати во солидарниот Фонд


Генералниот директор на АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката- Скопје Кристијан Трајковски, одлучи неговата плата да остане 14.500 денари, а остатокот да го уплати во фондот за борба против епидемијата од вирусот Ковид-19.

– Солидарноста, човечноста и хуманоста, но пред се чувството за одговорност, во овој период ни се потребни повеќе од кога било досега, вели Трајковски.

Вчера истото го најави и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, иако Уставниот суд ја сопре Уредбата со која на функционерите им се одреди минимална плата од 14.500 денари за време додека трае пандемијата.