Каролина прослави 40 години во карантин: Ова бројче заслужуваше журка


Дамите не ги откриваат годините, ама поп-ѕвездата Каролина Гочева гордо си ги носи своите 40 години. На социјалните мрежи се пофали за роденденот во домашна атмосфера, заедно со сопругот, уметникот Михаил Корубин.

На Инстаграм објави фотка на која позира покрај цветната торта, опуштена, природна и насмеана, додавајќи го коментарот:

-Другари, фала ви на сите за честитките и прекрасните зборови, ова бројче заслужуваше посебна журка, но и вака не е лошо … Не е важно колкав е кругот, туку кој е во него. Ве сакам. Cheers.

Поп-пејачката паузира од настапите и концертите поради короната.