Првачињата ќе се запишуваат и во јуни


Фото: Б. Грданоски

– За уписите кои се одвиваат од мај до септември, но оваа година поради пандемијата одлучивме уписот на првачињата да биде во јуни. Во сетот мерките кои ги предложивме до Владата за разгледување стои да се пролонгира рокот за упис на првачиња од мај до јуни, имајќи предвид дека им требаат потврди за примени вакцини, кои се издаваат од здравствениот систем, појасни министерот за образование Арбер Адеми на денешната прес-конференција.

За средношколците пак што треба да полагаат матура, министерот потврди дека предлагаат оваа генерација да не полага матура, но сепак, за тоа треба да одлучи Владата.

Појасни дека на повеќето факултети се организира приемен квалификационен испит, со што би се елиминирале новите студенти кои ќе сакаат да се запишат некаде, а ќе имаат ист број поени од средното образование.

–  Ние ги обезбедивме сите податоци од Министерството за труд и социјална политика во однос на интернетот и на ИТ уредите. Такашто 18.500 семејства кои се со ученици добија по 10 ГБ бесплатен интернет.

Во однос на ИТ уредите, Адеми вели дека добиле нереални податоци од училиштата каде цели класови се јавиле дека немаат компјутер или таблет.

– Но, ние распределивме 3.000 таблети на оние кои навистина немаа – вели Адеми.