Царовска: Прерано е да се зборува колкав ќе биде падот на БДП


Мила Царовска, заменик претседател на Владата за економски прашања

Прерано е да се зборува колкав ќе биде падот на БДП и посебно по сектори, рече денес вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, одговарајќи на новинарско прашање.

„Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд исто така проектираат дека ќе имаме пад во нашата држава, и во регионот и светот воопшто, со очекување дека следната година брзо ќе се врати растот и брзо ќе се рестартира економијата. Нашите проекции се исто во таа насока“, рече Царовска.

Тааа додаде дека постои оптимистичко сценарио, но и песимистичко со намалување на приходите во буџетот.

„И министерката за финансии денеска изјави дека во суштина се движиме во рамки на она што е очекувано како приходна страна на буџетот. Очекувам овој пад на приходите се надмине кога економијата ќе се рестартира“, рече Царовска.

Сите мерки кои се прават од страна на Владата, како што рече, во соработка со компаниите и граѓаните ќе направат една поддршка која ќе го намали ризикот за неликвидност или потешко рестартирање понатаму на економијата.

Одговарајќи на новинарско прашање, Царовска рече дека платите на функционерите не им се префрлени.