Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник пристигнала во ОЈО Куманово


Кривичната пријава против кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски денеска пристигнала во Основното јавно обвинителство Куманово, потврдија од Јавното обвинителство на РСМ.
Обвинителството ја распределило пријавата кај надлежен обвинител за понатамошно постапување. Оттаму додаваат дека обвинителството ќе преземе дејствија во насока на проверка на наводите од кривичната пријава.
СВР Куманово ја поднесе кривичната пријава до Обвинителството по член 206 од Кривичен законик за „Непостапување според здравствени прописи за време на епидемија“.