Студија: Со лекот „ремдесивир“ пациентите со ковид-19 се лечат двојно побрзо


Во САД е направена нова голема студија за потенцијалната корист од експерименталниот лек „ремдесивир“ во лекувањето заразени со корона врирус.

Студијата имаше за цел да покаже колку долго хоспитализираните пациенти треба да го земаат лекот за да дојде до подобрување на клиничката слика.

„Пациентите кои се лекувале 10 дена постигнале слично подобрување на клиничката слика како и оние кои биле на петдневно лекување со овој лек“, велат од компанијата „Гилиад сајансис“.

Доколку на пациентите им требаат само пет дека лекување место 10 тоа значи дека „Гилиад“ би можеле двојно да го зголемат бројот на излечени.

Но, „Гилиад“ се уште нема објавено доволно информации за да знаат што тоа подобрување значи за пациентите. Од компанијата наведоа дека потполни резултати ќе објават во текот на следните седмици.

Анализата не го споредувала „ремдесивир“ со плацебо па невозможно е да се утврди дали постои вистинска корист од лекот или тоа зависи од пациентот.

„Ова е посебно важно за време на епидемијата“, вели доктор Мердад Парси главен недицински директор на „Гилиад“.

„Ремдесивир не е одобрен од Управат за храна и лекови и не е докажан како ефикасен третман за пациентите со корона вирус. Студијата за лекот е во тек, а набрзо треба да бидат објавени и резултати од истражувањето на Националниот институт за испитување на алергии и заразни болести.