Во Германија во еден ден оздравеа повеќе од 6.000 лица


Според најновите податоци на Универзитетот Џон Хопкинс, во Германија во последните 24 часа забележани се 3.699 нови случаи на заразени од корона вирус, што е за 20 отсто повеќе од вчера, кога имаше 2.945 нови случаи. Но, во последните 24 часа исто така, оздравеле 6.114 лица, додека бројот на починати се зголеми за 300. Вкупно […]

Црногорците најмногу се заразиле на погреби и семејни собири


 За точно еден месец откако беше потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во Црна Гора, здравствените власти на таа земја регистрирале 303 случаи на Ковид-19, и пет починати, соопшти синоќа црногорскиот Институт за јавно здравје, чиј шеф смета дека ваквите резултати се добри. „Добрите резултати беа потпомогнати од тоа што властите ја слушаа […]

Втор ден во карантин, полицијата засилено контролира околу црквите


Граѓаните го минуваат вториот ден од 85 часовниот велигденски карантин, како една од рестриктивните мерки против ширењето на корона вирусот, додека бројот на заразени во државата достигна 1.117, од кои излечени се 139 лица. Државата, според надлежните, влегува во најкритичната фаза од епидемијата каде бројот на новодијагностицирани очекувано расте, но не смее да се дозволи […]

Нови емотикони на Фејсбук за корона вирусот: Покажете дека ви значи


На Фејсбук се појавија можности за нови рекации поврзани со пандемијата на коронавирусот. Покрај лајкови, срца и други емотикони, Фејсбук сега додава реакции што укажуваат дека на лицето му значи, односно е загрижено. Реакцијата ќе вклучува емотикон што го грее срцето, а од компанијата велат дека се надеваат дека реакцијата ќе им овозможи на луѓето […]

Британските болници може да останат без заштитна опрема


Залихите на заштитни одела се при крај во болниците низ Велика Британија и тие би можеле да останат без нив до крајот на денот или викендот, објави „Гардијан“. Националната здравствена служба (НХС) им испраќа препорака да продолжат да работат со заразените во пластични престилки. Препораката на НХС, за која јави Гардијан, е во целосна спротивност со досегашните регулативи, во кои се вели дека медицинскиот персонал не треба да им […]

Претседателот на Барселона е разочаран од Гризман


Претседателот на Барселона, Пеп Бартомеу е многу разочаран од презентацијата на рекордната аквизиција на клубот, Антоан Гризман. Каталонците платија 120 милиони евра за да ги обезбедат услугите на Французинот, но засега тој не ги оправдува големите очекувања. Гризман дојде во надеж дека ќе стане нова голема sвезда на Барса, но неговиот придонес во составот досега […]

Респиратор – технологијата што живот значи


Од избувнувањето на глобалната пандемија на коронавирусот вестите речиси на сите медиуми низ планетата опфаќаат голем број стручни медицински термини. И во земјите на Балканот речиси постојано на малите (и нешто поголемите) екрани се појавуваат лекари и специјалисти, кои многу често ги користат термините респиратор и вентилатор. Што се всушност овие уреди, за кои владее […]

Сајбер војна околу пандемијата, нападнати чешки болници


САД се загрижени за заканата од компјутерски напади против здравствениот сектор во Чешка, рече државниот секретар на САД, Мајк Помпео, додавајќи дека секој што е вклучен во таква активност „треба да очекува последици“. Две болници во Чешката Република објавија вчера за обиди за напади врз нивните компјутерски системи, еден ден откако органите за компјутерската безбедност […]

Г.Г. Стефан: Покажете трпение, молете се за болните


Празникот на Христовото воскресение не потсетува да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелен живот и кон љубовта, која е најголема сила. Но таа е силна само тогаш кога е во заедништво со Христа и со Неговата неизмерна љубов, кога станува наше сведоштво и наш начин на живеење, истакнува во Велигденското обраќање […]

Велигденска честитка на американската амбасадорка Брнс


Американската амбасадорка во Скопје Кејт Брнс упати честитка до верниците по повод Велигденските празници упатувајќи порака, во овие околности со коронавирусот да останат дома и да бидат здрави. – Во ова време на обнова и надеж со Велигден, Пасха и Рамазан, од моето семејство за вашето ви посакуваме на сите се најдобро. Останете дома, останете […]

10 серии за да се преброди полицискиот час


Една третина од светското население сега живее заклучена поради  пандемијата на корона вирусот, во потрага по надеж и начини за поврзување – но, исто така, нешто да направи освен да ги следи вестите. Кога гледаме телевизија за да го исполниме нашето време, можеме да ја изградиме нашата емпатија со другите земји што минуваат низ истата […]

Тимоние на онлајн средба со Филипче


Францускиот амбасадор Кристијан Тимоние објави дека имал онлајн разговот со министерот за здравство Венко Филипче. Во разговорот амбасадорот му изразил поддршка во борбата против ширењето на Ковид19  и го известил за првите позитивни резултати од мерките во Франција и  испитувањата околу третирањето на заболените. Амбасадорот Тимоние, преку организацијата „Проект ХОУП“ донираше заштитни маски, обувки и  […]

Филипче: Скрининг на антитела на средина или крај на летото


Скрининг на антитела е планиран во нашата стратегија, но не сега, туку некаде на средина или крај на летото, најави министерот за здравство Венко Филипче. Посочи дека тестовите, ќе бидат со соодветни анализи и валидирани од комисијата за заразни болести. – Планирано е да правиме скрининг по возрасни групи. Тоа е планот да го направиме […]

Бројот на починати од Ковид-19 во Турција се зголеми на 1.769


Во Турција во последните 24 часа од Ковид-19 починале 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 1.769, јави агенцијата Анадолија. Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес конференција по состанокот на Научниот совет во врска со коронавирусот, нагласи дека се регистрирани нови 4.353 случаи на Ковид-19, […]

Мит е дека животот во Шведска тече нормално


Стратегијата на Шведска за справување со коронавирусот е слична на онаа во многу други земји, и покрај тоа што во земјата не се воведени ограничувања во движењето, изјавија две министерки. – Мит е дека животот во Шведска тече нормално, изјави министерката за надворешни работи Ан Линде на онлајн прес-конференција. Земјата привлече внимание откако не воведе […]

Димитриевски: Никого не сум загрозил со моето однесување


Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски во денешната објава на Фејсбук профилот, вели дека поради големиот број информации кои излегле во јавноста дека тој и членовите на штабот наводно биле неодговорни кон заедницата, изјавува дека во ниту еден момент не дозволил да загрози нечие здравје. – Во ниеден момент не сум дозволил да загрозам нечие здравје со […]

Лавовите уживаат без туристите во Кругер Парк


Животните низ светот уживаат во слободата што им ја донесе повлекувањето на луѓето поради корона вирусот. Би-би-си објави фотографии од најголемиот национален парк во Јужноафриканската Република, Кругер Парк, на која се гледа како лавовите уживаат во мирот и непречено од туристите што доаѓаат тука на фото сафари.

Хигиеничарка во Домот за геријатрија заболена од ковид-19


  Една вработена во Домот за геријатрија во Ѓорче Петров во Скопје која имала симптоми на ковид-19 била тестирана при што се покажало дека е заразена. Како што рече министерот за здравство Венко Филипче, ќе продолжи да се внимава на овој случај, затоа што во ваквите домови сите штитеници речиси се со хронични болни, а […]

Кризниот штаб на Куманово и натаму бара целосен карантин


Општинскиот кризен штаб на Куманово побара од Владата, Министерството за здравство, Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје да подготват листа на позитивни и негативни тестови до 17-ти април и да го информираат штабот во рок од 24 часа. Во објавата е наведено дека се бара резултатите од тестовите да се доставуваат до Центарот […]

Која земја од регионот има највисока стапка на смртност?


  Највисока стапка на смртност од ковид-19, според податоците на Универзитетот „Џон Хопкинс“, во регионот бележи Романија со 5,1 отсто. Следува Албанија со 5 отсто, Словенија и Бугарија со по 4,8 отсто, Северна Македонија со 4.3 отсто, Босна и Херцеговина со 3,7 отсто и Хрватска со 2 отсто. Во Срббија стапката на смртност од корона […]