Бројот на починати од Ковид-19 во Турција се зголеми на 1.769


Во Турција во последните 24 часа од Ковид-19 починале 126 лица, со што вкупниот број на смртни случаи во земјата се искачи на 1.769, јави агенцијата Анадолија.

Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на прес конференција по состанокот на Научниот совет во врска со коронавирусот, нагласи дека се регистрирани нови 4.353 случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени во земјата се зголеми на 78.546.

Коџа информира дека досега 8.631 пациент е излекуван од овој вирус.

Турскиот министер рече дека во последните 24 часа биле извршени 40.270 тестирања, додека вкупниот број на извршени тестирања во земјата изнесува 558.413.

Коџа рече дека моментално 1.845 пациенти се наоѓаат на интензивна нега.