Црногорците најмногу се заразиле на погреби и семејни собири


 За точно еден месец откако беше потврден првиот случај на заразен со новиот коронавирус во Црна Гора, здравствените власти на таа земја регистрирале 303 случаи на Ковид-19, и пет починати, соопшти синоќа црногорскиот Институт за јавно здравје, чиј шеф смета дека ваквите резултати се добри.

„Добрите резултати беа потпомогнати од тоа што властите ја слушаа професијата и дека се воведоа ригорозни мерки уште пред да се случи првиот случај“, изјави Сенад Бегиќ, водечки епидемиолог во црногорскиот Институт за јавно здравје, за Би-Би-Си на српски јазик. Според него, црногорскиот начин на борба со вирусот е специфичен поради малиот број население и културните особености.

„Црногорците сакаат многу да слават и жалат – ние идентификувавме најмалку три или четири погреби кои биле епидемиолошки клучни настани за ширење на заразата кога мерките се уште не биле воведени“, изави Бегиќ за Би-Би-Си.

Тој додаде дека погребите и семејните собири се главните начини на ширење на заразата во Црна Гора и дека осудата била проблемот со кој црногорските епидемиолози се соочиле на почетокот на епидемијата.