Во Албанија се зголемува бројот на оздравени од ковид-19


Во Албанија во последното деноноќие има девет новодијагностицирани лица со корона вирус, со што бројот на заразените се зголеми на 548 лица, информираше Мира Ракацоли, заменик министерка за здравство и социјална заштита. Од ново заразените пет се од градот Курбин, вработени во погон за производство на чевли, поради што погонот е затворен, а 250 вработени […]

Филипче: Ковид-19 ќе го преуреди секој здравствен систем


Министерот за здравство Венко Филипче, на денешната конференција посветена на ретроспективата од почетокот на пандемијата од корона вирусот, рече дека сите здравствени системи се соочија со еден нов предизвик и дека тој неминовно ќе ги преуреди во иднина. Филипче смета дека здравствените системи ќе мора да се прилагодат на новиот корона вирус, и да постојат […]

Вечерва ТВ-премиера: Седи дома и гледај ја „Медена земја“


Документарниот филм „Медена земја“ вечерва ќе ја има својата светска ТВ-премиера на телевизија „Телма“. Првото и ексклузивно телевизиско прикажување на најуспешниот македонски документарец ќе биде со почеток во 19:20 часот. Документарецот го гледаа вкупно 45.200 гледачи во кината и во домовите на култура, во 30 градови низ Македонија. Филмот беше на репертоарите на кината во […]

Почнува исплатата на 30 милиони евра субвенции за над 19 илјади тутунопроизводители


На сметките на над 19 илјади тутунопроизводители денес се префрлени околу 30 милиони евра субвенции за реколтата од 2019 година, соопштија денес на прес конференција министерите за земјоделство Трајан Димковски, за финансии Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никочле Бабовски. Тутунарите кои имааат платежни картички парите ќе […]

Венко Андоновски со нова книга: „Најчитаните и најнечитаните колумни“


„Најчитаните и најнечитаните колумни“ е насловот на новата книга на Венко Андоновски, во издание на Издавачки центар „Три“. Во книгата се собрани колумни од писателот настанати во периодот 2018 – 2020 година, кои зборуваат за важни мигови во општествените случувања, но и изразуваат став кој нема секогаш да биде прифатен. Самиот автор вели дека оваа […]

(Во живо) Спасовски, Филипче, Шекеринска и Османи за корона вирусот од почетокот до сега


Денеска, во 13.30 часот, преку онлајн стрим на прес видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: корона вирус МК“ ќе разговараме со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот за здравство, […]

По ковид-19 заборавате и да одите: „Морав повторно да учам да дишам“


„Морав повторно да учам да дишам“, вели Пол Алвес од Франција, еден од заболените од корона вирус, кој бил на интензивна нега и оздравел. Но, седмиците поминати на респиратор оставаат траги и бараат долготрајно опоравувавње. Никогоаш претходно во француските болници немале толку пациенти на одделенијата за реанимација и интензивна медицина, како сега, илјадници. Се работи […]

Јајцата „Фаберже“ се најскапи, а дизајнерските најбарани од колекционерите


САД– Јајцата „Фаберже“ се велигденски јајца кои ги изработувал рускиот златар Петар Карл Фаберже за руските цареви, во периодот од 1885 до 1917 година. Нивната вредност денеска е невозможно да се процени. Рускиот цар Александар Трети сакал на својата жена Марија Фјодоровна да и направи специјално велигденско јајце кај познатиот златар Фаберже во далечната 1885 […]

Прес на Димковски, Ангеловска и Бабовски


Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски, министерката за финансии, Нина Ангеловска и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никочле Бабовски, денеска во 12.30 часот, ќе одржат прес-конференција. Проследете ја во живо:

Отсега вода ќе се плаќа и преку мобилен


ЈП Водовод и канализација – Скопје е прво јавно претпријатие во регионот кое воведува мобилна апликација достапна за Android и IOS. Следејќи го технолошкиот развој ова претпријатие овозможува пристап до своите услуги на брз, лесен и едноставен начин, со воведување на мобилна апликација. Со инсталирање на апликацијата се регистрирате како електронски корисник и преку мобилната […]

Забраната за движење не ја почитувале 77 лица, 46 се приведени


Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на целата држава 77 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 46 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Како што соопшти МВР, според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 219 лица […]

ЗНМ: Мора да се подобри комуникацијата и транспаретноста на владините институции и здравствените центри


Со продолжувањето на вонредната состојба во земјава, ЗНМ смета дека мора да се најде начин за подобра комуникација и транспарентност во односот на владините институции и здравствените центри, a во насока на гарантирање на слободата на изразување и правото на информирање. Здружението на новинарите на Македонија смета дека има голем простор за да се подобри […]

Спасовски, Филипче, Османи и Шекеринска со ретроспектива за корона вирусот


Владата денеска во 13:30 часот, преку онлајн стрим организира прес- видеосесија КОВИД-19, на тема „Ретроспектива: коронавирус МК“ на која ќе се обратат претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи и министерот […]

Пентхаус полн со чевли: Во домот на кралот на црвениот ѓон Кристијан Лубутан


Франција- Кристијан Лубутaн седи во дневната соба на неговиот пентхаус во Париз во сончев ден во јануари, додека  металната нишка на неговите вообичаени кадифени папучи светкаат како на врвот на Ајфеловата кула видлива низ прозорците. Тој за априлското издание на Elle Decor објаснува како дошол неговиот долгогодишен пријател Жак Гранж, познат архитект, за да го […]

Францускиот нобеловец, вирусологот Лук Монтањие тврди дека Ковид-19 настанал во лабораторија


Францускиот вирусолог, добитник на Нобеловата награда за физиологија и медицина во 2008 година за изолирањето на вирусот на ХИВ, Лук Монтањие, тврди дека Ковид-19 нема природно потекло и дека е создаден во лабораторија. -Дојдовме до заклучок дека е дојдено до манипулација со овој вирус, рече Монтањие во интервју за француската телевизија „Си-њуз“( C-News). -Вирусот нема […]

Економијата на Финска ќе падне до 12 отсто во 2020 година


Министерството за финансии на Финска предвиде дека економијата ќе се намали за најмалку 5,5 отсто во 2020 година и рече дека може да се намали за дури 12 отсто ако ограничувањата поврзани со корона вирусот би траеле шест месеци. „Сè зависи од тоа колку длабоко паѓа економијата и колку долго останува таму. Опасноста е дека […]

Во УЈП регистрирани 14.000 трговци поединци и самостојни вршители, кој од нив може да аплицира за мерката 14.500 денари


Околу 14 илјади трговци поединци и самостојни вршители на дејност се регистрирани во Управата за јавни приходи, кои се опфатени со мерката за 14.500 денари за плата. Оние кои ги исполнуваат условите од Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност, барањата до Управата за јавни приходи ќе ги […]

Полскиот парламент ја одложи одлуката за нови ограничувања на абортусот


Предлогот забрануваше прекинување на бременоста дури и во случаи на сериозни абнормалности на фетусот   Полскиот парламент ја одложи конечната одлука за нацрт-законот со кој се заострува веќе строгата законска регулатива за абортус. Предлог-законот ќе го забрани абортусот дури и за сериозни абнормалности на фетусот, еден од малиот број исклучоци од речиси целосната забрана за […]

ФДА: Вирусот не се пренесува преку амбалажа


Американската Агенција за храна и лекови (ФДА)  денеска на граѓаните им порача дека не е потребно да ја мијат и бришат амбалажите од храната што ја купиле во продавниците, бидејќи коронавирусот не се пренесува на тој начин. „Главите горе, потрошувачи нема потреба да ја бришете и перете амбалажата од храната при враќањето дома“, наведе ФДА […]

Пациенти со тешка форма на Ковид-19 позитивно реагирале на пробниот лек „Ремдесивир“ на компанијата „Гилиад“


Акциите на фармацевтската компанија „Гилиад“ во четвртокот ненадејно се се зголемија за 16 проценти на затворањето на берзанското тргување, а името на компанијата одеднаш блесна во американската јавноста откако од неа излегоа охрабрувачки податоци за експериментот со пробниот лек  „Ремдесивир“ врз пациенти со  тешка форма на болеста Ковид-19. Болницата на Универзитетот во Чикаго, која учествува […]