Пентхаус полн со чевли: Во домот на кралот на црвениот ѓон Кристијан Лубутан


Франција- Кристијан Лубутaн седи во дневната соба на неговиот пентхаус во Париз во сончев ден во јануари, додека  металната нишка на неговите вообичаени кадифени папучи светкаат како на врвот на Ајфеловата кула видлива низ прозорците. Тој за априлското издание на Elle Decor објаснува како дошол неговиот долгогодишен пријател Жак Гранж, познат архитект, за да го дизајнира просторот.

-Му реков дека не сакам дневна соба, сакам екстра спална соба, вели кралот на чевлите, познат по потпетиците со црвен ѓон.

Супер високите потпетици можат да ги ослободат жените, вели легендарниот француски дизајнер на чевли, кој инсистира дека носењето на неговите високи шест-инчни стилето салонки е „форма на слобода“.

Додека некои феминистки ги гледаат вртоглавите потпетици како сексуално поробување, Лубутан го смета спротивното – дури и ако тоа значи дека жените мораат да одат бавно и внимателно во неговите иконични црвено-креативни креации.

„Жените не сакаат да се откажат од носење високи потпетици“, изјави дизајнерот  пред „The Exhibitionist“, ретроспективна изложба на неговата 30-годишна во музејот  Palais de la Porte Doree во Париз која ја видоа над илјадници посетители.

Откако ја научил својата уметност под менторство на Роже Вивие, човекот кој тврдеше дека ја измислил штиклата стилето, Лубутан станал име во 90-тите години, откако принцезата Каролина од Монако облече една од неговите први соло креации.

Поп-sвездите од Мадона до Тина Тарнер и Џенифер Лопез наскоро се натпреваруваа со половина од Холивуд за фитинзи кај Лубутан.

Но, дури и додека некои луксузни брендови како Диор, предводени од феминистичката дизајнерка Марија Грација Кјури, го презимаат приматот во светот на чевлите, Лубутан инсистираше на тоа дека сè уште го имаат своето место.

„Луѓето се проектираат самите себеси и нивните приказни во моите чевли“, рече тој, укажувајќи на особено високи пар сложени чизми од чипка наречена Корсет д’Амур, извезени со сцени на водење љубов.

Лубутан се радува на фактот дека неговите чевли сега станаа толку иконични што неговото име стана кратенка за луксуз и сексуалноста, навлегувајќи во рап песни, филмови и книги.

„Поп културата не е ниту контролирана ниту контролира, така што јас сум многу среќен за тоа“, додаде тој.