По ковид-19 заборавате и да одите: „Морав повторно да учам да дишам“


„Морав повторно да учам да дишам“, вели Пол Алвес од Франција, еден од заболените од корона вирус, кој бил на интензивна нега и оздравел.

Но, седмиците поминати на респиратор оставаат траги и бараат долготрајно опоравувавње.

Никогоаш претходно во француските болници немале толку пациенти на одделенијата за реанимација и интензивна медицина, како сега, илјадници.

Се работи за сериозни случаи со тешки респираторни слабости предизвикани од корона вирусот кој ги зафаќа белите дробови на пациентите, пренесува Хина.

На пациентите им треба респиратор

„Им се даваат седативи и често средства за опуштање на мускулатурата“, објаснува за АФП Стефан Петит Маре, анестезиолог-реаниматор во департманот Ест.

Најтешките заболени ги превртуваат на стомак затоа што таквата положба придонесува за зголемување на кислородот во градите.

Пациентите може да имаат проблеми и со бубрезите, срцето, црниот дроб и невролошки проблеми, вели лекар.

„На одделенијата за реанмација остануваат по две-три недели, па и повеќе“, вели Хелен Прињет, пнеумолог во болница во околината на Париз.

„Постојат ризици, кои не се типични само за ковид-19, како што е ризикот од губење на мускулната маса и невролошки компликации“, вели таа.
Таа го координира одделението за опоравување на пациенти симнати од респиратор. Долготрајното користење на респирато предизвикува проблеми со голтањето и дишењето.

„По повеќе седмици лежење треба повторно да се навикне телото на менување на положбата. Тоа ги заборавило механизмите кои оневозможуваат регулација на артерискиот притисок“, појаднува докторката.

Физиотерапија

Прв пат, кога Пол Алвес, кој бил интубиран и ставен во индуцирана кома во болницата Бишат во Париз, се обидел да стане, не может да стои на нозе.

„Мислев дека ќе се онесвестам“, вели тој. „Многу вежбав со рацете за да ја вратам мускулната маса, но и возев статичен велосипед за да зајакнам“.

Клод Гати, 67-годишен ветеринар, во средината на март бил примен во болница на Корзика, и шет дена бил во длабока кома. Мислев дека ќе умрам.

„Дури и неподвижен се обидов да работам со рацете, се обидував да се подигнам, да си го фатам коленото„, вели тој. „Си велев, ако има шанси да преживеам, ќе мора да можам да одам, не смеам да губам време“.

Откако бил отпуштен од одделението нза реанимација, го задржале во болница за понатамошо опоравување и сега повторно оди.

„Морав се повторно да учам: да одам, да стојам на нозе. Не мислев дека ќе биде толку тешко“, вели тој.

Пациентите отпуштени од одделенито за реанимација, се преслаби за да се вратат дома, одан на одвикнување о респиратор или во центри за повторно учење на секојдневните функции.

Анис Легендре, физиотерапевт во регионот на Париз, морала да се приспособи на новите услови за работиа поради корона вирусот. Нема повеќе тимска работа со невропсихолози, психолози и мдерна опрема.

„Вежбаме во соба“, вели таа. „Повеќето пациенти се уште носат маски со кислород и имаат вирус. Еден ден се добро, другиот ден им е многу лошо. Се обидувам со нив да вежбам одење: до тоалет, вежби за јакнење на мускулите. Но, тоа е полека затоа што се исцрпени“.

Кога болните не можат да станат, со нив вежба во кревет. Но, пред тоа облекува заштитна облека од глава до петици со маска и очила.

Психолошки последици

Освен болеста, пследици може да остави и осаменоста во еднокреветна соба каде контактите се на минимум.

„Најблиските не смеат да дојдат. Медицинската сестра не се задржува многу“, велу АЛвес.

Дури и откако се излеќиле пациентите од ковид -19 може да патат од неврокогнитивни последици, ПТСП, анксиозност и депресија“, предупредува Пети Маре.

„Некои може да имаат респираторни последици, кратко дишење при мирување или напрегање, дури им се потребни маски со кислород и дома“, вели лекарот.

Кога ќе се вратат дома, физиотерапевтот ги тера да бидат активни, да мијат садови, да го наместат креветот, да метат. лежењето во кревет може да биде многу штетно.

Може да им затребаат и логопеди и работни терапевти.

Но, во некои делови од Франција нема такви здравствени работници. Сена Сен Дени, сиромашен департман во регионот на Париз, нема доволно физиотерапевти.

Емануел Шеврилон, управник на клиника во тој регион, настојува да организира систем за помош на болните дома и достава на оброци за оние кои живеат сами.

„Може се да се уништи ако многу сте вложиле во реанимација, но потоа за пациентот да не се води грижа“, предупредува Бертран Гиде, шеф на одделението за реанимација и интензивна медицина во болницата Сен Антоан во Париз.(АФП)