Возел 209 км/ч, на полицијата ѝ рекол: Бегав од корона вирусот


Англиската полиција сопрела мотоциклист кој возел со брзина од 209 км/ч. Секој од нас во животот барем еднаш се обидел да смисли изговор да се спаси од непријатна ситуација, па се покажало дека тоа не е најдобро. Кога полицајците го прашале мотоциклистот зошто возел толку брзо тој им рекол: „Бегав од корона вирусот. Мислев дека […]

Австрија размислува на лето да ги отвори границите за туристи од одредени земји


Официјална Виена би можела да дозволи туристи од Германија и други земји во кои корона вирусот е под контрола да ја посетат Австрија во текот на летото, изјави австриската министерка за туризам Елизабет Костингер. Германските туристи учествуваат со повеќе од 30 проценти во посетите за време на летната туристичка сезона во Австрија. Учеството на туризмот во […]

Најден мртов маж кај Шарена чешма во Прилеп


Во сабтата, во 5.45 часот во СВР Битола, било пријавено дека во Прилеп во близина на месноста викана „Шарена чешма“ на улица било забележано паднато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и на ул.„Браќа Ламески“-Прилеп, пронашле безживотно машко тело, со видлива повреда на главата, за кое е утврдено дека е Р.Р(73) од […]

Се помалку заболени во Германија


Во Германија, уште 2.458 лица се заразени со коронавирусот, со што вкупниот број достигна 139.897 лица, соопшти Институтот Роберт Кох. Најновите податоци покажуваат дека бројот на заразени лица се намалува, по четиридневен континуиран раст. Исто така, намален е и бројот на смртни случаи. Според најновите податоци од Институтот Роберт Кох, пријавени се уште 184 смртни […]

Убиство во Липково – приведен сторителот


Б.С (43) од село Липково е приведен откако по претходна вербална расправија, физички се пресметал и со нож во пределот на градите неколку пати го прободел Ј.С(43) од село Липково, по што Ј.С починал. Во Секторот за внатрешни работи во Куманово, синоќа околу 19.00 часот од страна на доктор од Јавната здравствена установа Куманово, било […]

Бислимовски: Граѓаните погодени од корона кризата сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати без камата


Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски најави дека граѓаните кои се погодени од корона кризата, односно земаат минимални плати, сметките за март, април и мај ќе ги плаќаат на рати и без камата. Тој  во интервју за Радио Слободна Европа, информира дека во текот на следниот месец ќе почнат да пристигнуваат порамнителните сметки за […]

Само 14 новозаболени во Словенија


Според податоците на Националниот институт за јавно здравје на Словенија, во земјата се регистрирани 13 нови случаи на новозаразени со новиот корона вирус. Последните информации покажуваат дека има намалување на бројот на хоспитализирани поради Ковид-19, па така во овој моменти болнички се лекуваат 90 пациенти. На одделенијата за интензивна нега се наоѓаат 26 пациенти кои […]

Кинеска лабораторија негира одговорност за ширење на новиот корона вирус


Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот корона вирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата. – Невозможно е тој вирус да дошол од нас, изјави тој во интервју за државната телевизија. – Јасно знаеме […]

Британската кралица скромно ќе го прослави 94-от роденден


Англија – Британската кралица Елизабета Втора побара нејзиниот роденден да биде одбележан без почесна плутонска стрелба, соопшти Ај Ти Ви Њуз, посочувајќи дека кралицата сметала дека тоа не е соодветно со оглед на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус. Ај Ти Ви Њуз за информацијата за ваквото барање на кралицата се повика на извор од кралската […]

На Американците очајно им треба фризура


Во последните неколку недели, шопинг паниките на Американците се  одраз на тоа како пандемијата на коронавирус продолжува да се развива и да влијае на секојдневниот живот. „Дефинитивно може да се види дека, откако луѓето останаа дома, како се смени фокусот во купувањето“, вели извршниот директор на Волмарт, Даг Мекмилон. По складирањето храна и заштитни сретства, […]

Од Холивуд во изолација: Атиџе е во Бекирлија со своите пчели


Откако се прошета по оскаровскиот црвен килим, го виде Лос Анџелес и му се израдува на океанот, по враќањето во Скопје, ѕвездата на „Медена земја“ Атиџе Муратова (56) посака малку да се повлече и да се посвети на пчелите. Вонредната состојба во Македонија како мерка за заштита од ширењето на коронавирусот ја дочека во родното […]

Еден свет – заедно дома : Светските музички ѕвезди собраа 127 милиони долари


САД – Повеќе од 100 музички светски sвезди, вклучувајќи ги Ролинг Стоунс, Пол Мекартни, Лејди Гага, Килерс, Стиви Вондер, Селин Дион, Андреа Бочели, Џенифер Лопез и Били Ајлип, синоќа одржаа виртуелен концерт „Еден свет – заедно дома“ во знак на поддршка на здравствените работници, во време на пандемијата на коронавирусот. Овој уникатен настан, организиран од […]

Селектирањето отпад слаба страна на тетовци


Нема зголемување на совеста кај тетовци кога е во прашање оставањето отпадоци во специјализираните канти и контејнери за пластика, стакло, хартија. Комуналниот отпад се фрла без да се одвои, иако низ градот постојат десетици такви канти и контејнери. Воедно таквите садови за оставање различни видови отпад најчесто од неразбирливи причини се и оштетени. Една од […]

Заев: И Исус Христос би побарал да седиме дома


Претседателот на СДСМ Зоран Заев по повод големиот христијански празник Велигден испрати честитка до православните верници. -Како и секоја година, така и годинава, сите верници ќе му се поклониме на Севишниот човекољубец – Исус Христос, славејќи го неговото Воскресение, како празник над празниците. Како и секоја година, така и годинава, ќе се огласат црковните камбани […]

Шпанија по третпат ги продолжува рестриктивните мерки


Шпанскиот премиер Педро Санчез ќе му предложи на Парламентот да одобри трето 15-дневно продолжување на рестриктивните мерки со цел запирање на ширењето на пандемијата на новиот коронавирус.Според предлогот, рестриктивните мерки треба да бидат во сила до 9 мај. Санчез додаде дека сака ограничувањата за најмладите да бидат олеснети, така што од 27 април на децата […]

Бројот на заразени со Ковид-10 во САД достигна 690.714


Бројот на заразени од новиот коронавирус во САД е зголемен за 29.002 за последните 24 часа и сега изнесува  690.714, соопштија од Националната здравствена служба на САД. Смртните случаи се зголемиле за 2.394 и достигнаа 35.443. Податоците објавени од федералната здравствена служба се за 17 април. Тие може да не се совпаѓаат целосно со броевите […]

Амазон монтира термокамери во своите складишта во САД


Американскиот гигант во онлајн трговијата „Амазон“ почна да користи термокамери во своите магацини заради проверки на работниците за повишена телесна температура, што може да биде симптом за Ковид-19. Пријавено е дека во повеќе од 50 складишта на компанијата во САД има случаи на заразени со новиот коронавирус. Поради тоа, некои работници се загрижени за своето […]

Грците останаа дома, Велигден во Атина прославен со огномет


Со огномет во повеќе делови на Атина точно на полноќ, со запалени свеќи и светла на балконите и со „Христос воскресе“ што се слушаше од телевизорите, заедно со отчукувањата на камбаните од празните цркви, Грците го прославија најголемиот христијански празник, јави дописничката на МИА од Атина. Грците ги послушаа препораките на Владата, останаа дома, а […]

Германска зоолошка градина можеби ќе мора да ги храни животните едни со други


Зоолошките градини кои требаше да бидат преполни во сончевите велигденски празници сега се празни и бараат донации, поради последиците од карантинот воведен поради коронавирусот. Директор на зоолошка градина во северна Германија дури призна дека некои животни можеби наскоро треба да се хранат со други, доколку зоолошката градина сака да преживее. – Направивме список на животните […]

Г.Г. Стефан: Поминуваме низ период кој бара послушност и воздржување


Велигден, денот на Христовото Воскресение, е празник на победата и празник на животот, порача Г.г. Стефан на полноќната литургија што се одржа во тесен круг во Соборната црква. Тој притоа повика овој празник да не потсети да размислуваме за своите постапки и да се стремиме кон добродетелство, во овој свет во кој човештвото во голема […]