Британската кралица скромно ќе го прослави 94-от роденден


Англија – Британската кралица Елизабета Втора побара нејзиниот роденден да биде одбележан без почесна плутонска стрелба, соопшти Ај Ти Ви Њуз, посочувајќи дека кралицата сметала дека тоа не е соодветно со оглед на кризата предизвикана од пандемијата на коронавирус.

Ај Ти Ви Њуз за информацијата за ваквото барање на кралицата се повика на извор од кралската палата, дополнувајќи дека првпат за време на 68 години владеење, Бакингамската палата не одговорила веднаш на барање за коментар.

Кралското семејство вообичаено користи испукување плутони од разни локации во Лондон заради одбележување посебни настани, како годишнини и родендени. Кралицата Елизабета на 21 април ќе го прослави 94. роденден.