Бројот на заразени со Ковид-10 во САД достигна 690.714


Бројот на заразени од новиот коронавирус во САД е зголемен за 29.002 за последните 24 часа и сега изнесува  690.714, соопштија од Националната здравствена служба на САД.

Смртните случаи се зголемиле за 2.394 и достигнаа 35.443.

Податоците објавени од федералната здравствена служба се за 17 април. Тие може да не се совпаѓаат целосно со броевите што ги соопштуваат одделните држави, јавија британски медиуми.