Кинеска лабораторија негира одговорност за ширење на новиот корона вирус


Јуанг Џиминг, директор на Институтот за вирологија во Вухан, каде беше првото жариште на епидемијата на новиот корона вирус, ги негираше тврдењата на дел од американските медиуми дека токму таа лабораторија е можен извор на заразата.

– Невозможно е тој вирус да дошол од нас, изјави тој во интервју за државната телевизија.

– Јасно знаеме кои видови истражувања се спроведуваат во Институтот и како се управува со вируси и примероци, потенцира директорот на таа установа.

Институот има една лабораторија П4 каде се чуваат примероци од најопасните вируси кои се пренесуваат од човек на човек, како што е ебола, која, според директорот, е под најстрого обезбедување.