Од пладне, во текот на следните две недели, нема слободно движење во Франција


Почнувајќи од денес напладне и за помалку две недели во Франција е забрането слободното движење, јави дописникот на МИА. -Потребни се најмалку две недели да се блокира прогресијата на вирусот, рече францускиот министер за внатрешни работи Оливие Веран. Во Италија, некои територии забележаа отсуство на нови случаи по 8-10 дена или најмногу 12 дена, одговори […]

Нема веќе турканици во маркетите, се чека пред да се влезе


Повеќето маркети во Скопје воведоа ред и наместо во продавниците и пред касите, сега се чека надвор. Целта на оваа мерка е купувањето да биде посигурно, односно да нема близок контакт меѓу оние кои купуваат и на тој начин да се придонесе да се спречи ширењето на корона вирусот. На пример, во маркетот на „Стокомак“ […]

Безбедносните сили на Косово се мобилизираат поради коронавирусот


Косовскиот претседател Хашим Тачи го прими денеска командантот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), генерал-потполковникот Рахман Рама, со кого разговараше за нивото на готовност на ФСК за да помогне во соочувањето со ситуацијата предизвикана од ширењето на вируост Ковид-19 во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина. Тачи, како што соопшти неговиот кабинет, „побара од […]

Докторка од Марибор заразена со коронавирусот – голем број пациенти во самоизолација


Докторка која работи во мариборскиот Здравствен дом е заразена со корона вирусот, јави дописникот на МИА во Љубљана. Дека е позитивна на тестот е потврдено доцна синоќа, по што на сите пациенти кои имале контакт со докторката им е наложено да останат дома во карантин. Таа имала контакти со луѓе на 11 и 12 март, […]

Дел од адвокатите за „27 април” во самоизолација, судењето закажано за 25 март


Дел од адвокатите кој ги застапуваат обвинетите за предметот организатори на „27 април”, со писмо го известиле Кривичниот суд – Скопје дека претходно престојувале надвор од државата, односно како превентива за заштита од вирусот Ковид-19, тие не излегуваат од дома. Од овие причини денешното рочиште за овој предмет се одложи за 25 март. Обвинети во […]

Водич: Значи, не можете да одите во музеј. Но, можете да го донесете музејот до вас


САД- Како дел од широко распространетите напори да се запре ширењето на коронавирусот, многу од најголемите светски културни институции ги затворија своите врати. Музеите од целиот свет најавија привремени затворања, од музеите на Ватикан и во Њујорк музејот „Метрополитен“  до музеите Смитсонијан, музејот на уметноста во округот Лос Анџелес до Националниот корејски музеј за модерна […]

ЕУ подготвува солидарен фонд за епидемијата, на списокот и Македонија    


Европската унија подготвува пакет од 37 милијарди евра со кој ќе ги помогне земјите членки погодени од корона вирусот. Паралелно, се планира и измена на условите за користење на Европскиот солидарен фонд со што и земјите кандидати, како Македонија, ќе можат да побараат ургентна помош од Брисел ако не можат со свои сретства да се […]

„Кроација Рекордс“ со ново издание: Зафир Хаџиманов „Македонија пее“!


Деновиве на CD формат, во издание на „Југотон – Кроација Рекордс“ е објавен култниот албум, на Зафир Хаџиманов – „Зафир пее, Македонија пее“, оригинално издаден на винил во далечната 1986 година. Познатиот уметник Зафир Хаџиманов е актуелен добитник на наградата „Гоцева мисла“, доделена од реномираната издавачка куќа „Феникс“ од Скопје. Наградата се доделува за целосен […]

Маркетите и дистрибутерите на храна: Има залихи за 30-45 дена, граѓаните да не паничат


Маркетите и дистрибутерите на храна имаат залихи за 30-45 дена, како во редовни услови. Им порачуваат на граѓаните да не паничат, да бидат релаксирани и да водат сметка единствено за своето здравје. Како што соопштија денеска нивните претставници по работниот состанок со министерот за економија Крешник Бектеши, засега цените на производите не се менуваат и […]

РСБСП: Родителите да го исполнат времето на децата со едукативни активности


Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), поради ограниченото движење на децата препорачува родителите да бидат активни, креативни и да го исполнат времето на децата со едукативни активности и содржини. Од РСБСП препорачуваат да се користи веб-страната за деца https://semaforko.mk/ каде што, како што наведуваат во соопштение, децата на креативен и забавен начин може да […]

Пленковиќ почна со смени откако беше реизбран на чело на ХДЗ


Претседателството и Националниот совет на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) донесе одлука за смена на Милијан Бркиќ од местото потпретседател на Саборот и на Миро Ковач од функцијата претседател на саборскиот Одбор за надворешна политика. Бркиќ треба да биде заменет од Анте Санадер. „Одлуката е донесена со консензус“, изјави претседателот на ХДЗ, Андреј Пленковиќ, кој во […]

И Холандија смета дека треба безусловно да почнеме преговори со ЕУ


Холандија смета дека Северна Македонија треба безусловно да ги отпочне пристапните преговори за членство во ЕУ, односно дека по донесувањето на Законот за Јавно обвинителство не постојат никакви пречки за почеток на преговорите. Ова го истакнал холандскиот министер за надворешни работи, Стеф Блок во телефонски разговор со шефот на дипломатијата Никола Димитров, покренат на барање […]

Бектеши: Храна има доволно, граѓаните да не прават гужви и разумно да купуваат


Нема место за паника. Сите супермаректи и дистрибутери имаат доволно залихи, посебно на основните производи. Ни останува да бидеме свесни и да се грижиме за здравјето на граѓаните, но и на вработените во маркетите, соопшти министерот за економија Крешник Бектеши по денешниот работен состанок со сопствениците на најголемите супермаркети. „Има гужви во маркетите. Ги повикувам […]

Професор од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика во време на изолација поради коронавирусот


Професорот и иноватор Димитрија Ангелков  од Кавадарци бесплатно нуди интернет математика за возраст од 7 до 77 години, во време на изолација поради коронавирусот. Смета дека тоа ќе им помогне на многумина паметно да го искористат слободното време. -Компјутерите како наставно средство за едукација на младите во развиениот свет веќе долги години заземаат истакнато место. […]

Пецас: Веројатно е за Велигден да бидеме далеку од црквите


Во овој момент е веројатно Велигден да го славиме далеку од црквите, вели портпаролот на грчката Влада, Стелиос Пецас, во интервју за грчката телевизија „Скај“, објаснувајќи дека постои зголемување на случаите на Ковид-19 во земјата, јави дописничката на МИА од Атина. -Ние сме подготвени да ги продолжиме мерките што ги имаме преземено до сега. Кога […]

Шпанија денес ќе гласа за протоколот за НАТО


Шпанскиот Сенат денеска конечно треба да ја заврши постапката за ратификација на протоколот за членството на Македонија во НАТО. Претходно тоа го направи долниот дом на шпанскиот парламент. По ратфикацијата во Сенатот документот треба да оди на одобрување и потпис кај кралот Фелипе Шести. А потоа протоколот ќе биде испратен во депозитарот во американскиот Стејт […]

Третина од фудбалерите на Валенсија заразени со коронавирус


Од „Местаља“ објавија дека третина од тимот се заразени со корона вирус и сите членови се во изолација и ги следат упатствата на докторите. Голем број заразени играчи од фудбалските екипи има и Сампдорија која потврди дури седум случаи. Аргентинскиот ас Езекиел Гарај кој е меѓу заразените објави фотка од изолација. Заљубениот Гарај покажа на […]

Разочарана сум од Трамп: Ана Винтур ја одложи Мет Гала 2020


САД (АФП) – Ана Винтур (70), главната уредничка на американскиот „Вог“ и најмоќната жена во светот на модата, изјави дека црвениот килим на годишната изложба на музејот „Метрополитен“ препознатлива како Мет Гала, ќе биде одложена заради пандемијата на коронавирусот, разочарана од справувањето на ситуацијата од страна на претседателот Доналд Трамп . „Поради неизбежната и одговорна […]

Амазон во САД вработува 100.000 работници заради коронавирусот


Амазон вчера соопшти дека во САД ќе вработи 100.000 работници, магационери и доставувачи  заради зголемените онлајн нарачки, пренесе агенцијата Хина. Заради епидемијата на коронавирусот американските потрошувачи ги запоседнаа трговските центри и ги испразнија полиците со прехранбени и хигиенски потреби. Испразнетите полици и стравот од нови построги мерки заради сузбивање на епидемијата од коронавирус, многумина Американци […]

Демотивирачки: Вирусот го шират луѓе кои сè уште немаат симптоми


Експерти во Сингапур и во Кина открија дека две третини од луѓето го добиле вирусот од оние луѓе кои го инкубирале вирусот, но не покажале симптоми, пишува Гардијан. Овие резултати малку ги демотивираа истражувачите бидејќи тоа значи дека изолирањето на заболените е помалку ефективно во спречувањето на пандемијата од тоа што се надевале. „Oва е […]