Докторка од Марибор заразена со коронавирусот – голем број пациенти во самоизолација


Докторка која работи во мариборскиот Здравствен дом е заразена со корона вирусот, јави дописникот на МИА во Љубљана.

Дека е позитивна на тестот е потврдено доцна синоќа, по што на сите пациенти кои имале контакт со докторката им е наложено да останат дома во карантин. Таа имала контакти со луѓе на 11 и 12 март, а тие пациенти се веќе телефонски контактирани со насоки да останат дома во самоизолација, без разлика дали покажуваат симптоми на заразата или не.

Вчера до 14 часот во Словенија имаше потврдени 253 случаи на заразени со корона вирусот, а еден човек почина како последица на Ковид-19.