Разочарана сум од Трамп: Ана Винтур ја одложи Мет Гала 2020


САД (АФП) – Ана Винтур (70), главната уредничка на американскиот „Вог“ и најмоќната жена во светот на модата, изјави дека црвениот килим на годишната изложба на музејот „Метрополитен“ препознатлива како Мет Гала, ќе биде одложена заради пандемијата на коронавирусот, разочарана од справувањето на ситуацијата од страна на претседателот Доналд Трамп .

„Поради неизбежната и одговорна одлука на музејот Метрополитен да ги затвори своите врати,„ и престижниот црвен килим, со хуманитарен аспект, ќе биде одложен за подоцнежен датум“, соопшти Винтур во објавата на веб-страница на Vogue.

Тема на годинешната изложба, секој прв понеделник во мај, e “About Time: Fashion and Duration”.

Винтур, времето на самоизолација, откако се врати од Модната недела во Милано, го искористи да го поддржи поранешниот потпретседател Бајден – во трката со  Берни Сандерс – како нејзин избор за Демократски кандидат на претседателските избори во ноември.

„Како и сите други, јас ја доживував оваа криза КОВИД-19 како серија вознемирувачки случувања, каде што никој никогаш не знае што точно ќе донесе секој нов ден“, напиша Винтур.

Моќната Ана го нападна Трамп и неговото справување со ситуацијата  како и неговата „нарцистичката леснотија со која тој ја префрли вината на другите, неговата нечесност со американскиот народ и најлошо од сè, неговиот шокантен недостаток на емпатија и сочувство кон оние што страдаат и се плашат “, рече таа.

Уредникот на „Вог“ ја критикуваше администрацијата на Трамп за „непростливо“ бавно тестирање и мобилизација на третманот.

Винтур, родена Британка, која три децении го уредува американскиот „Вог“ – разви долготрајна врска со Барак Обама за време на неговиот мандат во Белата куќа, организирајќи разни хуманитарни донации за демократскиот поранешен претседател. Таа исто така собираше пари и за кандидатурата на Хилари Клинтон.