„Кроација Рекордс“ со ново издание: Зафир Хаџиманов „Македонија пее“!

Деновиве на CD формат, во издание на „Југотон – Кроација Рекордс“ е објавен култниот албум, на Зафир Хаџиманов – „Зафир пее, Македонија пее“, оригинално издаден на винил во далечната 1986 година.

Познатиот уметник Зафир Хаџиманов е актуелен добитник на наградата „Гоцева мисла“, доделена од реномираната издавачка куќа „Феникс“ од Скопје. Наградата се доделува за целосен ангажман и придонес во афирмирањето на македонската култура и литература во светот.

Во оваа пригода, а воедно и да се потсетиме на антологиското дело на големиот уметник, издавачката куќа „Југотон – Кроација Рекордс“ го ре-објави култниот албум „Македонија пее“.

Зафир на албумот компонираше десетина шансони и балади, на стиховите на големите поети: од Константин Миладинов, Коста Рацин, Блаже Конески, Аце Шопов и Радован Павловски, па се до Милош Црњански, Душко Радовиќ, Десанка Максимовиќ, Брана Црнчевиќ.

– „’Зафир пее – Македонија пее’ е нешто највредно што го создадов. Секој стих од првата до последната шансона на ова CD е вистински бисер, а мојата музика и пеење само ја оплеменуваат и ја галат. Мојот побратим Славе Димитров, со своите аранжмани, ги прелеа со злато овие драги камења од песни. Благодарам од срце. Секако, голема благодарност до издавачот за нивната повторна верба во мојот сон. Слушање на ова мало музичко – поетско чудо е чист љубовен чин, со слатки последици!“ – напиша Зафир во текстот кој оди во прилог со ова реиздание.

Компакт-дискот „Зафир пее, Македонија пее“ носи 11 песни и две бонус теми – „Од љубов не се бега“ и „Зајди, зајди, јасно сонце“.

– „Едно од првите изданија што јас го потпишав како главен уредник на ‘Југотон’ во 1986 година беше токму ова – по речиси три и пол децении, тој е обновен во форма на компакт-диск. ‘Македонија пее’ е редок албум на автентичниот Орфеј на земјата на сонцето и песната: Зафир Хаџиманов“ – вели Синиша Шкарица, долгогодишен уредник на „Југотон“, и дополнува:

„Се сеќавам дека беше предлогот на Зафир, проектот (мене навистина не ми се допаѓа овој збор, но еве, вака функционира) – да биде реализиран во соработка со Музичката продукција на РТВ Скопје, и објавен под етикетата на ‘Југотон’.

Имено, Зафир ги испеа стиховите на некои од најголемите македонски поети, со тоа што ја внесе во својата замисла иконата на македонската поп-музика – Слава Димитров (аранжмани), гласниот трубач и одличниот педагог, за жал прерано починатиот Благој Чешларов (диригент на студискиот оркестар); за снимање беше одбрана реномираната Милка Герасимова, мајстор на тонот, а за уредник – сестраниот композитор на „Југотон“, аниматор и промотор – Вилибалд Чаклец.

Мене ми остана слатка должност, на Зафир, како на драг пријател – на чија рана рокерска слава бев сведок и вистински обожавател – да го потпишам ова навистина вредно издание.

Сега, со честитки за реализацијата на неговиот репринт, му посакувам среќа во неговиот нов живот, и оставете ја Македонија да ни пее“- вели Синиша Шкарица.

„Со сета почит кон новите македонски сили и издавачи, се сомневам дека во името, најмладата европска земја, оваа година ќе објави нешто подобро од албумот ‘Македонија пее’ од Зафир Хазиманов, сè до појавувањето на Тоше Проески, најуспешниот македонски пејач на поп-музиката. Без оглед на прозаичен наслов и ‘народњачки’ омот, тешко дека ќе имаат посериозен кандидат во трката за ласкава титула. Зафир им оддаде почит на големите македонски поети, а ‘Југотон’, како издавач – нeму – напиша Богица Мијатовиќ, новинар, музички уредник и публицист.

Наградуван од “Струшките вечери на поезијата“ во 1975 година, до Интернационалниот фестивал на шансона во Загреб во 2002 и 2003 година. Сам, или со неговата сопруга, легендарната Сенка Велетанлиќ, има снимено десетици носачи на звук, ТВ-програми… Настапувал на сцени како „Олимпија“ (Париз), „Опера хаус“ (Сиднеј), „Баљшој Театар“ (Москва).

Добитник е на годишната актерска награда СНП и Специјална повелба за високи достигнувања во светот на глума, на Здружение за драмски уметници на Србија, Југословенска естрадна награда, Истакнат уметник на Србија, Награда за животно дело на скопското „Радио Буба Мара“ (2002), Награда за животно дело со гласање на ТВ „Јесењин“ (2003) ), како и Златните маски за ширење на македонската култура ширум светот (2006).