Србија ги затвори сите гранични премини и го укина меѓуградскиот сообраќај


Во Србија утринава се регистрирани 118 случаи на заразени со вирусот Ковид-19, 15 повеќе од вчера, веќе петти ден на сила е вонредна состојба, од втор ден на сила е полициски час и забрана за излегување на постарите од 65 години, а од утринава се затворени и сите гранични премини за патнички, железнички и речен […]

Во Белгија 462 нови заболени, уште шестнаесет мртви од КОВИД-19


Белгиските здравствени власти соопштија дека во последните 24 часа во земјата се потврдени уште 462 случаи на заразени од коронавирусот, јави дописничката на МИА. Вкупниот број на заразени сега изнесува 2.257 случаи, а вкупниот број починати е 37, од кои шестнаесет во последните 24 часа. Најголемиот број е во Фландрија, со 302 нови случаи, а […]

(Во живо) Прес на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Димковски


Денеска, во 11.30 часот, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски ќе одржи прес-конференција во Медија центарот на Владата за препораките за земјоделците поради вирусот КОВИД 19 и прогласувањето на вонредна состојба.

Сега не е време за диети – со зеленчук, овошје, чаеви, супи, јогурт и пилешко против коронавирусот


Имајќи предвид дека сé уште не е достапна вакцина за вирсуот КОВИД-19, правилната исхрана која игра важна улога во превенцијата од заразни болести, посебно е битна сега, во овој случај. Според нутриционистите, во овој момент не е време за диети со висок процент на масти и протеини, а со мала застапеност на јагленихидрати во оброците. […]

Истражување: Ковид-19 повеќе се гледа како економска закана, отколку како здравствен ризик


Јавноста го гледа корона вирусот како поголема закана за економијата отколку за нивното здравје, покажуваат новите истражувања. Економските мерки за спас на компаниите и работните места што ги преземаат владите не ја намалува ваквата загриженост. Анкетата на Ипсос во која беа опфатени 10.000 возрасни испитаници во 12 земји и која беше спроведена од 12-14 март, […]

ЈуТјуб ги ограничува содржините за корисниците во ЕУ и во Велика Британија


ЈуТјуб денеска најави дека ќе ги органичи содржините за корисниците во Европска Унија и во Велика Британија со цел да избегне преоптовареност на интернет серверите. ЈуТјуб ќе го намали квалитетот на видеосодржините односно корисниците нема да можат да гледаат во „фул ХД“ резолуција, туку таа ќе биде намалене со цел да се обезбеди интернет сообраќајот. […]

Препораки за правилна домашна изолација


Министерот за здравство Венко Филипче денеска на својот ФБ профил објави препораки за тоа како да се постапи во случај на правилна домашна самоизолација. Според препораките, доколку имате можност работете од дома, одделете се од останатите во различни простории, бидете на безбедно растојание со другите меѓу еден и два метри, редовно проветрувајте ги просториите, останете […]

ЕУ сепак ќе донесе одлука за преговори со Македонија


ЕУ сепак ќе донесе одлука да ги одблокира преговорите со Македонија и со  Албанија, откако Франција и Холандија добија тоа што бараа – тврди денес „ЕУ Обсервер“ од Брисел. Иако вчера проструи нформацијата дека самитот на 26 и 27 е откажан и дека лидерите на видео конференција ќе разговараат само за темите поврзани со корона […]

Заев: Државата ќе им помогне и на медиумите


Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека државата ќе им помогне и на медиумите, затоа што и тие се компании како другите и треба да бидат дел од помошта. Рекламите се клучот од кој живеат медиумите во Македонија и во ситуација кога компаниите го откажуваат рекламирањето на средствата […]

Прес конференциите во Владата од денес без новинари


За да ја заштити новинарската фела и за да се усогласи со сопствените препораки за ограничено собирање, Владата донесе одлука од денес сите прес конференциии да ги одржува без новинари, а прашањата тие ќе можат да го поставуваат исклучиво електронски. Оваа одлука се однесува само на прес конференците во владиниот прес центар, но очекувањата се […]

Ова се луѓето кои ги прават тестовите за корона вирус


Министерот за здравство Венко Филипче утрово на неговиот Фејсбук профил сподели фотографија од Институтот за јавно здравје, на која е заедно со вработените во лабораторијата кои ги прават тестовите за корона вирус. „Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за корона вирус. Ова се хероите кои […]

Објавен превод на книгата „Крал К’зи“ од Глиша Елезовиќ


По повод 80-годишнината од првото објавување на српски јазик на книгата „Крал К’зи” на српскиот историчар и ориенталист Глигорие-Глиша Елезовиќ, здружението „Диванхана” објави  превод на македонски и на босански јазик. – Цели 80 години делото „Крал К’зи“ на  Елезовиќ беше недостапно за читателската публика во нашата земја. Во далечната 1939 година во печатницата на Драг […]

Уште 19 лица позитивни на корона вирус, вкупно 67 заболени


Министерот за здравство Венко Филипче утрово на неговиот Фејсбук профил ги соопшти најновите резултати за заболени од корона вирус во земјава. Состојбата со корона вирусот во земјата до 10.00 часот – 19 новозаболени на корона вирус – бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица. Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт […]

Повозрасните Швајцарци ќе можат два часа да шетаат под надзор на полицијата


На повозрасните лица во швајцарскиот кантон Ур од денеска им е дозволено да излезат од своите домови само на два часа и тоа поради шетање на свеж воздух, а ќе бидат обезбедувани од полицијата. Одлуката е донесена откако припадниците на најчувствителната популација не ги почитуваа препопраките за ограничување на движењето поради сопствена заштита од епидемијата […]

Имунолог: Натпревар од ЛШ виновен за ширење на коронавирусот


Италијанскиот имунолог Франческо ле Фоке изјави дека средбата во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија може да биде катализатор за невидената епидемија на коронавирусот во Бергамо. Скоро 40.000 навивачи на италијанскиот тим отпатувале од Бергамо во Милано на средбата, што се одржа во „Сан Сиро“ на 19 февруари, што би можело да биде и […]

Италија ја надмина Кина по бројот на смртни случаи од корона вирус


Бројот на смртни случаи од Ковид 19 во Италија го надмина бројот на жртви во Кина, во четвртокот, пишува Асошиејтед прес. Италија, со популација од околу 60 милиони, забележа најмалку 3.405 смртни случаи од корона вирус, што е за околу 150 повеќе отколку во Кина, земја со 20 пати поголема популација. Италија ја достигна поголемата […]

Следува потопол период, колку тој ја ублажи состојбата со коронавирусот


Ширењето на коронавирусот стана глобален проблем кој не познава граници. Светската здравствена организација прогласи пандемија, а се поголем број држави се соочуваат со зголемување на бројот на заразени и починати. Голем број заразни болести имаат сезонски карактеристики и во голема мера зависат од климатските промени т.е. од распределбата на метеоролошките параметри како што се влажноста, […]

Пратеници со скафандери влегоа во бугарскиот Парламент


Пратениците од партијата Волја, Веселин Марешки и Кристина Таскова во Парламентот се појавија со заштитна облека, а пратениците од Бугарската социјалистичка партија побараа нивно отстранување со образложение дека дополнително ја влошуваат ситуацијата. Марешки истакна дека сите бугарски пратеници да преземат мерки против новиот корнавирус со цел да се заштитат себе си, своите блиски и бугарскиот […]

Се зголемува бројот на заразени со коронавирус во НБА екипите


Четири НБА клубови – Лос Анџелес Лејкерс, Бостон Селтикс, Филаделфија 76-ерс и Денвер Нагетс – објавија за први случаи на заразени играчи и тренери со КОВИД-19. Засега, името на само еден од заразените е јасно – бекот Маркус Смарт од Бостон Селтикс. Смарт во видео пораката рече дека бил тестиран пред пет дена, но дури […]

Тепачки во супермаркетите во Германија за тоалетна хартија


Жестока кавга избила во супермаркет во северниот германски град Бремен откако клиентка одбила да прифати дека и е дозволено да купи само пакет тоалетна хартија, јави локалната полиција, цитирана од ДПА. Жената почнала да се кара со продавачката заради ограничувањето што е воведено заради епидемијата од коронавирусот, а потоа и ја удрила, пренесува агенцијата. Пријателот […]