Прес конференциите во Владата од денес без новинари


За да ја заштити новинарската фела и за да се усогласи со сопствените препораки за ограничено собирање, Владата донесе одлука од денес сите прес конференциии да ги одржува без новинари, а прашањата тие ќе можат да го поставуваат исклучиво електронски.

Оваа одлука се однесува само на прес конференците во владиниот прес центар, но очекувањата се дека и другите што организираат јавни обраќања ќе го следат овој пример.