Уште 19 лица позитивни на корона вирус, вкупно 67 заболени


Министерот за здравство Венко Филипче утрово на неговиот Фејсбук профил ги соопшти најновите резултати за заболени од корона вирус во земјава.

Состојбата со корона вирусот во земјата до 10.00 часот – 19 новозаболени на корона вирус – бројката на дијагностицирани пациенти во земјата е 67 лица.

Вчера попладне и во текот на ноќта преку Институт за јавно здравје на корона вирус беа тестирани 71 лице.

Од нив 2 лица се позитивни на вирусот, едно лице од Скопје – контакт на веќе потврден и дијагностициран пациент од Скопје и едно од Охрид – дојдено од Бреша, Италија кое било во контакт со потврдени и заболени пациенти од корона вирус во Италија.

Најголем дел од тестирањата направени преку ИЈЗ се во рамките на раниот скрининг, кај лица со поширока индикација.

На клиниката „Жан Митрев“ се тестирани и позитивни на вирусот уште 17 пациенти, кои ќе бидат потврдени во текот на денот, соопшти министерот Филипче.