Имунолог: Натпревар од ЛШ виновен за ширење на коронавирусот


Италијанскиот имунолог Франческо ле Фоке изјави дека средбата во Лигата на шампионите меѓу Аталанта и Валенсија може да биде катализатор за невидената епидемија на коронавирусот во Бергамо.

Скоро 40.000 навивачи на италијанскиот тим отпатувале од Бергамо во Милано на средбата, што се одржа во „Сан Сиро“ на 19 февруари, што би можело да биде и причина за високите нивоа на ширење и смртност во градот. Само во Бергамо, во последните 24 часа се пријавени 93 смртни случаи, а бројот на починати се скоро 600 лица од почетокот на епидемијата.

– Сигурно е дека имало неколку големи катализатори за огромното ширење на вирусот. Натпреварот помеѓу Аталанта и Валенсија можеше да биде само таков повод, бидејќи тоа беше емотивен натпревар во историјата на клубот. Еден месец помина од таа средба, така што фактите се вклопуваат Илјадници луѓе беа само неколку сантиметри оддалечени, се гушкаа и покажуваа емоции, што доведе до широка распространетост. Сигурен сум дека многу луѓе не сакаа да го пропуштат мечот, иако некој имал мала температурата, на пример. Такво нешто сега би било незамисливо, коментира Франческо ле Фоке.