Заев: Државата ќе им помогне и на медиумите


Фото: Б. Грданоски

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 најави дека државата ќе им помогне и на медиумите, затоа што и тие се компании како другите и треба да бидат дел од помошта. Рекламите се клучот од кој живеат медиумите во Македонија и во ситуација кога компаниите го откажуваат рекламирањето на средствата за јавно информирање ќе им биде потребна помош за да опстанат.

Заев, исто така изјави дека еврообврзницата овој период веројатно и не треба да ја земаме поради тоа што постапката за еврообврзница е повеќе од два месеци а тогаш веројатно парите ќе станат многу скапи „Сега се поевтини парите и треба брзо да дејствуваме затоа што и коморите, деловните субјекти очекуваат брза помош и поддршка, не можат да чекаат неколку месеци за да им се помогне. Веројатно ќе ја искористиме алатката за премостување на еврообврзницата и тука ни стојат неколку алатки на рапсолагање, како од Меѓународниот монетарен фонд, така и од Светска банка“, порача Заев.