Ова се луѓето кои ги прават тестовите за корона вирус


Министерот за здравство Венко Филипче утрово на неговиот Фејсбук профил сподели фотографија од Институтот за јавно здравје, на која е заедно со вработените во лабораторијата кои ги прават тестовите за корона вирус.

„Ова се моите колеги од Институтот за јавно здравје, авторизираната лабораторија во која се изработуваат тестовите за корона вирус. Ова се хероите кои деноноќно се на своите работни места. Тие се таму, а вие седете дома. Да го спречиме ширењето на вирусот и да им помогнеме полесно да го надминат овој исклучително тежок период“, напиша министерот Филипче.