Оние што нема да бидат во самоизолација ќе се носат во центри за карантин


Премиерот Оливер Спасовски во вечерашното гостување во емисијата Вин-вин на ТВ Телма, најави дека најверојатно утре ќе се донесат мерки со кои секој оној што не ја почитува наредбата за домашна изолација, автоматски да биде префрлен во центрите за карантин и повторно апелираше до граѓаните да ги почитуваат мерките што им се наложени. – Имаме […]

Задолжителна редарска служба пред маркетите, аптеките, банките и поштите


Сите маркети, аптеки, банки и објекти кои даваат поштенски услуги, задолжително треба да обезбедат редарска служба при влез и во внатрешноста во овие објекти, со цел да се контролира влезот и бројот на лица, така што ќе се обезбеди минимум потребното растојание од два метри помеѓу лицата пред и во објектите. Покрај оваа мерка, Владата […]

Заздравува бебето што се зарази со коронавирус во Бергамо


По две недели минати во болница заздравува новороденчето зарзено со коронавирус во Италија, јавија италијанските медиуми, додавајќи дека бебето е отпушено од клиниката во Бергамо. Машкото бебе е родено здраво на на 11 февруари, но на 3 март било примено во болница заради висока температура, по што се покажало дека и тоа и неговата мајка […]

Шпанскиот амбасадор ја предаде во Стејт департментот ратификацијата за членство на Северна Македонија во НАТО


Шпанскиот амбасадор во САД, Сантиаго Кабанас, синоќа во Стејт департментот се сретна со заменик државниот секретар Филип Рикер и го предаде оригиналниот документ на ратификација од Пристапниот протокол за членство на Северна Македонија во НАТО. Документот неделава беше изгласан во Сенатот и потпишан од кралот на Шпанија Фелипе Шести. -Добредојдовте во семејството на НАТО, порача […]

СЗО: Во Африка има „исклучително брз развој“ на пандемијата


Директорката на регионалната канцеларија на Светска здравствена организација во Африка, Мачидисо Моети изјави дека новиот коронавирус многу брзо се шири во Африка и се заканува континентот со население од 1,3 милијарди луѓе да го претвори во нов фронт против пандемијата. – Пред десетина дена имаше само околу пет држави со вирус. Сега во 35 од […]

Сите гранични премини затворени, се пропуштаат само камиони и овластени лица


За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Сите гранични премини се затворени и за влез во земјава за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено […]

Маска


ЛЕЈЛА САБИТ Досега славевме под театарски и карневалски маски и уживавме во козметички маски. Сакавме да дишеме чист воздух, да ги измазниме брчките и да се подмладиме, да имаме главна улога или само да статираме, да политизираме или да исмеваме. Тука, во Струмица, во Вевчани, во Венеција или во Рио де Жанеиро. Сега се навикнуваме […]

Пристигна пролетта


Во 4 часот 49 минути и 37 секунди утрово стигна пролетта на северната хемисфера. Во исто време на јужната Земјина полутопка почна есен. Пролетта ќе трае 92 дена, 17 часа и 54 минути, односно до 20 јуни 2020 во 23 часот и 43 минути, кога ќе почне летото.

Шпанија вработува 50.000 здравствени работници


Поради порастот на инфицирани луѓе од Ковид-19 во Шпанија на работа ќе бидат вратени пензионираните лекари и медицински сестри, а ќе се вработуваат и студентите по медицина, кои се последна година на факултет. Во Шпанија вчера се регистрирани 4.360 новозаразени со новиот коронавирус, со што вкупната бројка изнесува 18.077 лица. Додека вчера починаа 66 пациенти […]

Храна има доволно – граѓаните да не паничат, за поскапување казните до 5.000 евра, па и една година затвор


Прехранбената индустрија во земјава им порачува на граѓаните дека нема потреба панично да купуваат залихи зашто има доволно леб, брашно, масло за јадење, млеко, млечни производи, јајца, кондиторски производи, месо и месни преработки. Граѓаните не треба да стравуваат и од евентуални поскапувања. Според надлежните, треба да се плашат единствено трговците кои сакаат да профитираат. Тие […]

Лекот за економијата е ист како и за корона вирусот – интервју со Борче Треновски


Во основа неопходен е континуиран надзор од Владата и постојана фискална и структурна поддршка во секторите кои ќе покажуваат особено лоши симптоми, се надеваме дека нема да ни треба апарат за дишење, вели универзитетскиот професор, д-р Борче Треновски Мирче Јовановски Професоре Треновски, дали мерките кои ги објави Владата за помош на стопанството се навремени, или […]

Забрането собирање во групи поголеми од пет лица


Владата на вечерашнава седница донесе одлука да се забрани собирање во група поголема од пет лица во паркови и на други јавни површини. Потоа, го забрани пристапот на лица и возила во Парк шумата „Водно“ над Скопје, секој ден, во период од 18:00 часот до 6:00 часот наредниот ден. Полицијата со патролни возила треба да […]

Самитот на ЕУ откажан, датумот за преговори неизвесен


Состанокот на шефовите на држави и влади на земјите членки на ЕУ, што требаше да се одржи на крајот на следната недела, e откажан на неодредено време, јави дописникот на Радио Слободна Европа од Брисел. На овој самит, требаше да биде формално одобрено отворањето на пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија. Според деловникот, најмалку […]

Како австрискиот скијачки рај го рашири вирусот низ Европа


Кога локалните власти сфатија дека тиролското гратче Ишгл е центар на епидемијата веќе беше доцна. Алчноста за профит во местото наречено „Ибица на Алпите“ го загрози здравјето на илјадници и илјадници европски туристи   Австрискиот џет сет, кој се сели од забава на забава, го слави малото тиролско место Ишгл како „бел зимски сон“. За […]

Половина од респираторите во светот се произведени во Ирска


Околу половина од респираторите произведени во светот се направени во Ирска, главно од компанијата „Медтроник“, соопштуваат ирските медиуми. Компанијата моментно има 250 вработени во својот производствен производ за респиратори и планира повеќе од двојно да го зголеми тој број со пренесување на персоналот од други места и со ангажирање на дополнителен број вработени за зголемување […]

Филипче: Од следната недела пунктови за тестирање во Скопје


Oд следната недела ќе треба да почнат со работа пунктови за тестирање во рамки на Здравствениот дом во Скопје за да се опфатат поголем број граѓани со оглед на тоа што веќе има локална трансмисија во градот, истакна министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција. – Целта е да се стигне до сите првични […]

Бројот на смртните случаи во Италија ги надмина оние во Кина


Бројот на жртви на корона вирус во Италија ги надмина оние во Кина: 3.405 смртни случаи, што претставува зголемување во однос на средата за 427. Во Кина, досега се регистрирани 3.245 жртви. Бројката ја обелодени комесарот за вонредни состојби Анџело Борели на дневната прес-конференцијата. Бројот на смртните случаи вчера беше 475. Бројот на заразените денеска […]

Болницата „8 Септември“ ќе прифаќа пациенти со Ковид-19 на кои им треба и друг третман


Во болницата „Септември“ денеска се направени услови да се примаат пациенти кои се заболени од корона вирус, но имаат потреба и од други интервенции, како хируршки на пример, соопшти министерот Венко Филипче на попладневната прес-конференција. Тој рече дека опремиле една хируршка сала, една ангиографска, и цело одделение со 22 кревети каде може да се сместуваат […]

Ангеловска-Бежоска: Денарот е и ќе остане стабилен, депозитите сигурни


Девизниот курс на денарот останува стабилен и нема да има промени во неговото ниво, изјави денеска за МИА, гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, по одржувањето на седницата на Комитетот за финансиска стабилност. Таа додаде дека централната банка располага со низа инструменти со кои ја гарантира стабилноста на денарот, а вчера, на прес-конференцијата за економските […]