„Театар комедија“ со поевтини билети за лица до 29 години


Лицата од 15 до 29 години ќе имаат поволности при купувањето билети за претставите во НУ „Театар комедија“, односно ќе може да ги купат со попуст од 50 проценти. Ова е договорено со меморандумот за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и НУ „Театар комедија“. НУ „Театар комедија“ е првата институција од областа на …

„Театар комедија“ со поевтини билети за лица до 29 години Read More »

Граѓаните на Чаир учеа како правилно да постапуваат со отпадот


ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје денеска реализираше едукативно-информативни активности на улицата „Џон Кенеди“, во општината Чаир. Активностите ги спроведоа Еко-патролата и одделенијата за Едукација, квалитет и развој и професионална одговорност, коишто ги информираа граѓаните за правилното постапување со комуналниот, кабастиот и градежниот отпад. На настанот присуствуваа директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот …

Граѓаните на Чаир учеа како правилно да постапуваат со отпадот Read More »

Мицкоски: Заев донесе црн рекорд во економијата, а ќе биде и полошо


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја оцени како катастрофална економската политика на владата и оцени оти поразите и измамите на Зоран заев и неговиот тим се секојдневие. „По катастрофалното лошо ниво на капитални инвестиции реализирани во првите четири месеци, поразителни се и бројките за странски директни инвестиции. Имено ова е најлош резултат во изминатите 10 …

Мицкоски: Заев донесе црн рекорд во економијата, а ќе биде и полошо Read More »

Ниту еден здравствен работник не одбил да се вакцинира


Во тек е масовна вакцинација на здравствените работници и персоналот вработен во болниците со МРП-вакцина. Станува збор за тие што ја немаат примено втората доза вакцина против мали сипаници. Здравствените установи имаат обврска да достават списоци до Министерството за здравство за медицинските лица кои ја примиле вакцината, но и за оние што одбиле да ја …

Ниту еден здравствен работник не одбил да се вакцинира Read More »

Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово


Непознати сторители украле две видео камери со кои се следи движењето на животните и рисот во националниот парк „Маврово”. Според СВР Тетово кражбата вчера ја пријавил член на ренџерската служба. Според пријавата во периодот од 29 март до 28 мај годинава засега непознати сторители одзеле две видео камери, кои биле поставени во атарот на село …

Украдени камери за следење на рисот во НП Маврово Read More »

Во Кинотека изложба на филмски плакати: „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“


Државниот архив на Република Северна Македонија и Историскиот архив на Пожаревац в понеделник во Скопје ќе потпишат меморандум за соработка, а истиот ден во Скопје ќе биде отворена изложбата на филмски плакати и рекламен филмски материјал, со наслов „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“, изработена од Историскиот архив на Пожаревац. Отварањето е во 12 …

Во Кинотека изложба на филмски плакати: „Филмовите што ги сакавме (1947 – 1980)“ Read More »

Од утре стартува дигиталната царина


Дигиталниот систем за обработка на царински декларации и акцизни документи (СОЦДАД) стартува од ноќеска на полноќ. СОЦДАД е систем кој е во ранг на најсовремените системи што се користат од страна на земјите членки на ЕУ, и со негова примена, нашата земја е чекор понапред кон исполнување на барањата за влез во Европската Унија. Со имплементацијата …

Од утре стартува дигиталната царина Read More »

Интензивни контроли на градилиштата во Општина Аеродром


Инспектори од Општина Аеродром деновиве вршат интензивни контроли на градилиштата на територија на општината при што е констатирано дека на улицата „Гаврил Константиновиќ“ каде се врши ископ за отпочнување на градежни активности, инвеститорот не поседува правосилно одобрение за градење. Поради ова, како што информираат денеска од Општина Аеродром, му е наредено на инвеститорот да го …

Интензивни контроли на градилиштата во Општина Аеродром Read More »

Русинот кој беше уапсен во северно Косово прогласен за „персона нон грата“


Косовскиот премиер Рамуш Харадинај денеска информира дека рускиот државјанин Михаил Красношченков, кој беше уапсен во вторникот од полицијата поради „попречување во вршењето на службена должност“ за време на акцијата во северно Косово, е прогласен за „персона нон грата“, јави дописникот на МИА од Приштина. Харадинај преку својата страница на Фејсбук објави дека одлуката ја донел …

Русинот кој беше уапсен во северно Косово прогласен за „персона нон грата“ Read More »

Започнува градскиот фестивал за развој и промоција на креативните индустрии – Скопје Креатива 2019


Вечерва, во Кино Култура, со почеток во 20 часот ќе започне осмото издание на „Скопје Креатива 2019“ – градскиот фестивал за промоција и развој на креативните индустрии, што годинава се реализира под мотото „Зелено Скопје“ и симболички ја содржи идејата за еколошката свест како култура на живеење. Со својата богата фестивалска програма, Скопје Креатива 2019, …

Започнува градскиот фестивал за развој и промоција на креативните индустрии – Скопје Креатива 2019 Read More »

Хоспитализиран германскиот селектор Јоаким Лев


Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев е хоспитализиран поради нарушувања на циркулацијата, информира „Билд“. Проблемот настанал како резултат на повреда з авреме на тренинг. Лев се наоѓа во Универзитетската болница во Фрајбург. Голема е веројатноста 59-годишниот германски фудбалски стручњак да ги пропушти јунските  натпревари од квалификациите за ЕП 2020. Германија на 8 јуни и …

Хоспитализиран германскиот селектор Јоаким Лев Read More »

Почна изградбата на нов парк во Карпош


На површина од 4.000 метри квадратни, во близина на стариот влез на Градскиот парк, под булеварот „8 Септември“, целосно ќе се раззелени простор кој до овој момент беше запуштен, информираат од Општина Карпош. Во новиот парк ќе има нови високи и цветни дрвја, висока декоративна трева, грмушки, високо заштитно зеленило, цветни, перени и луковици. Покрај …

Почна изградбата на нов парк во Карпош Read More »

Најдени нови лажни дипломи во Хрватска? Учителка работела 30 години, професор 26


  Од Министерството за образование на Хрватска потврдија дека најдени се нови лажни дипломи кај вработени во образовани, кои учеле деца без соодветно образование. „Проверката на веродостојноста на исправите веќе сега е силна антикорупциска мерка чија главна цел е да се врати довербата во системот на воспитување и образование. Важно е дека се освестивме за …

Најдени нови лажни дипломи во Хрватска? Учителка работела 30 години, професор 26 Read More »

Царовска: Го подобруваме пристапот до правни услуги за ранливите групи граѓани


Северна Македонија е активно вклучена во спроведувањето на Отворено владино партнерство 2018-2020 во областа на пристапот до правдата. Со усвојувањето на Законот за бесплатна правна помош од страна на Владата, како и со развој на правните услуги на локално ниво значително е подобрен пристапот до правда на најранливите граѓани. Ова го истакна министерката за труд …

Царовска: Го подобруваме пристапот до правни услуги за ранливите групи граѓани Read More »

За викендот затворен булеварот „Партизански одреди“, ќе се вози по изменет режим


Од ЈСП Скопје информираат дека од утре, сабота (1.06.2019 година) од 6 часот, па до недела (2.06.2019 година), поради градежни активности, целосно затворен за сообраќај ќе биде булевар „Партизански одреди“ и тоа од вкрстувањето со улица „Бледски договор“ (после Поликлиника Букурешт) до вкрстувањето со улиците „Љубљанска“ и „Московска“ (ТЦ Сити мол), а автобусите од јавниот …

За викендот затворен булеварот „Партизански одреди“, ќе се вози по изменет режим Read More »

Меркел бара да сè направи се што е можно за ублажување на климатските промени


Германската канцеларка Ангела Меркел побара да се „направи сè што е човечки можно“ за да одговориме на климатските промени и вети дека ќе стори сè во рамките на нејзините овластувања во однос на ова прашање. – Можеме и мораме да направиме сè што е човечки можно за да го совладаме тој предизвик со кој се …

Меркел бара да сè направи се што е можно за ублажување на климатските промени Read More »

Даночните обврзници уште денеска можат да ги потврдат или корегираат податоците во годишната даночна пријава


Истекува рокот за увид во претпополнетата Годишна даночна пријава за 2018 година што значи дека даночните обврзници кои се регистрирани на системот е-Персонлен данок имаат можност уште денеска преку своите кориснички профили да ги потврдат или корегираат податоците во даночната пријава. По истекот на овој рок, даночните пријави ќе добијат статус на конечни пријави согласно …

Даночните обврзници уште денеска можат да ги потврдат или корегираат податоците во годишната даночна пријава Read More »

САД: Најголем број на случаи на морбили од 1992 година


Во првите пет месеци од годинава во САД се регистрирани 971 случај на мали сипаници (морбили), што е најголем број од 1992 година, кога биле евидентирани 963 случаи, соопштија денеска американските власти. Во 2000 година болеста официјално беше прогласена за искоренета. Најголем дел од заболените се деца на училишна возраст, чии родители одбиле да ги …

САД: Најголем број на случаи на морбили од 1992 година Read More »