Хоспитализиран германскиот селектор Јоаким Лев


Селекторот на германската фудбалска репрезентација Јоаким Лев е хоспитализиран поради нарушувања на циркулацијата, информира „Билд“.

Проблемот настанал како резултат на повреда з авреме на тренинг. Лев се наоѓа во Универзитетската болница во Фрајбург.

Голема е веројатноста 59-годишниот германски фудбалски стручњак да ги пропушти јунските  натпревари од квалификациите за ЕП 2020.

Германија на 8 јуни и гостува на Белорусија, три дена подоцна (11 јуни) ја пречекува селекцијата на Естонија.