Меркел бара да сè направи се што е можно за ублажување на климатските промени


Германската канцеларка Ангела Меркел побара да се „направи сè што е човечки можно“ за да одговориме на климатските промени и вети дека ќе стори сè во рамките на нејзините овластувања во однос на ова прашање.

– Можеме и мораме да направиме сè што е човечки можно за да го совладаме тој предизвик со кој се соочува човештвото, изјави канцеларката во говорот кој го држеше на Харвардскиот универзитет.

– Тоа е сè уште можно, но секој од нас мора да го заврши својот дел и, тоа го кажувам со доза на самокритика, и да го направи тоа на подобар начин, истакна Меркел во говорот одржан на традиционалната свеченост при предавање дипломи на престижниот американски универзитет.

– Затоа ќе направам се што е во рамките на моите овластувања за Германија до 2050 година да ја оствари целта за климатска неутралност, изјави германската канцеларка, на која претходно и беше доделен почесен докторат.

Во говорот, кој често беше прекинуван со аплауз, Меркел ги фалеше предностите на европскиот проект, прекуатлантското партнерство, мултилатералноста и почитувањето на човековите права.