„Театар комедија“ со поевтини билети за лица до 29 години


Лицата од 15 до 29 години ќе имаат поволности при купувањето билети за претставите во НУ „Театар комедија“, односно ќе може да ги купат со попуст од 50 проценти.

Ова е договорено со меморандумот за соработка меѓу Агенцијата за млади и спорт и НУ „Театар комедија“.

НУ „Театар комедија“ е првата институција од областа на културата којашто потпиша меморандум со Агенцијата за млади и спорт за реализација на проектот ,,Младинска картичка”, предвиден во Програмата за 2019, при секторот Млади во рамки на Агенцијата за млади и спорт.

Крајната цел е да се влијае на подигнување на младинскиот стандард.