Тајфунот Лакима во Кина усмрти 33 лица, 16 исчезнати


Најмалку 33 лица загинаа, а 16 се пријавени како исчезнати во напливот на тајфунот Лекима, кој го зафати источниот дел на Кина, јужно од Шангај. Спасувачките екипи со гумени чамци ги евакуираат луѓето кои останале заробени во нивните домови. Најголемиот дел од загинатите се од едно село, во источната провинција Џечјанг, каде во лизгање на …

Тајфунот Лакима во Кина усмрти 33 лица, 16 исчезнати Read More »

Вучиќ: На протестите немаше инцидент, туку штитење на законот


Во серија реакции по синоќешните протести на граѓаните „1 од 5 милиони“ и инцидентот со туркањето и тепањето пред Претседателството, со вонредно обраќање пред јавноста се обрати и српскиот претседател Александар Вучиќ. Како што јави дописникот на МИА од Белград, според Вучиќ синоќа немало инцидент со демонстрантите, туку обезбедувањето, поради тоа што имало повик за …

Вучиќ: На протестите немаше инцидент, туку штитење на законот Read More »

Нападот на џамијата во Осло полицијата го третира како обид за тероризам


Норвешката полиција соопшти дека вооружениот напад во џамија во предградието Осло е „обид за тероризам“. Полицијата соопшти дека првите наоди од истрагата посочиле дека напаѓачот имал екстремни десничарски погледи, бил ксенофобичен и сакал да внесе терор. Неименуваниот Норвежанец, на возраст од околу 20 години, вчера отвори оган во џамија во Берум, предградие на Осло и …

Нападот на џамијата во Осло полицијата го третира како обид за тероризам Read More »

Милијардерот педофил Џефри Епстајн се самоуби во затвор


САД- Американскиот милијардер Џефри Епстајн, обвинет за низа случаи на педофилија, се уби во затворската ќелија, јавуваат американските медиуми. Тој беше во затвор во Менхетн додека чекаше да се реши неговата жалба на одлуката на судијата кој не дозволи да биде во куќен притвор во луксузниот њујоршки кварт Апер ист сајд, потврдија три судски извори …

Милијардерот педофил Џефри Епстајн се самоуби во затвор Read More »

Судири меѓу полицијата и муслиманските верници на Ридот на храмовите во Ерусалим


Израел- Судири меѓу муслиманските верници и израелските полициски сили избија на Ридот на храмовите во Ерусалим, во време на зголемени тензии поради совпаѓањето на еврејски и муслимански верски празници. Полицијата тврди дека муслиманските верници ги започнале нередите и оти упатувале „националистички повици“ на Ридот на храмовите, свето место и за Евреите и за муслиманите. Полицајците …

Судири меѓу полицијата и муслиманските верници на Ридот на храмовите во Ерусалим Read More »

„Економист“ на Инстаграм објави „wow“ момент од Крушево


Светски познатиот медиум „Економист“ на официјалниот Инстаграм профил објави фотографија од небото над Крушево, каде се одржува 16-тото Светско првенство во параглајдерство. „Нашиот wow момент оваа сабота доаѓа од Северна Македонија каде се одржува 16-тото Светско првенство во параглајдерство“, напишаа од „Економист“. Профилот на „Инстаграм“ на „Економист“ е следен од 3,7 милиони луѓе. На полетувалиштето …

„Економист“ на Инстаграм објави „wow“ момент од Крушево Read More »

Научници произведоа водка во Чернобил со цел да ја подобрат економијата


Англија/ Русија- Водка направена од житарки и вода од Чернобилската отуѓена зона, беше опишана како „најважното шише жесток алкохол во светот“. По катастрофата во Чернобилската нуклеарна централа во 1986, околу централата беше направена зона на отуѓеност во периметар од 4.300 квадратни километри. Вкупно 355.000 лица беа приморани да ја напуштат околината, а по несреќата голем …

Научници произведоа водка во Чернобил со цел да ја подобрат економијата Read More »

Силен ветер урна дел од покрив на фудбалски стадион во Холандија


Холандија – Невремето и силниот ветер кои вчера ја погодија Холандија предизвика да биде урнат дел од покрив на фудбалскиот клуб АЗ Алкмар, но никој не беше повреден со оглед на речиси празните трибини. – Тоа не изненади. Во шок сме, но среќни што никој не настрада, изјави извршниот директор на клубот Роберт Енхорн, дополнувајќи дека …

Силен ветер урна дел од покрив на фудбалски стадион во Холандија Read More »

Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен


Сто и двајца планинари со ноќно планинарење се искачија на врвот Љуботен и таму го дочекаа изгревањето на сонцето во 5:30 часот, во организација на планинарскиот клуб „Јелак“. Искачувањето до врвот до 2.499 метри надморска височина го започнале околу 2 часот. – Сите планинари што тргнаа успешно се искачија и вратија во планинарскиот дом Љуботен. …

Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен Read More »

МЗ: Нема заболени граѓани од антракс


Министерството за здравство во однос на информациите дека кај добитокот во делови од државава се појавила заразата антракс, соопшти дека нема заболени граѓани од антракс. Ситуацијата внимателно се следи и се постапува високо стручно по најсовремени светски протоколи. Преземени се сите потребни мерки за превенција со профилакса од антракс, стои во соопштението на Министерството.

Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите


Македонската Влада гради квалитетна инфраструктура низ целата држава, чија цел е да се обезбеди брз проток на луѓе, стоки и услуги, објави денеска премиерот Зоран Заев на Фејсбук. – Градиме квалитетна инфраструктура низ целата држава, за сите. Квалитетно изградена патна и железничка инфраструктура е императив за нас, бидејќи претставува крвоток на економската активност, преку брзиот …

Заев: Градиме квалитетна инфраструктура за сите Read More »

Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се разведуваат по 8 месеци брак


САД– Славната холивудска двојка, поп-ѕвездата Мајли Сајрус (27) и актерот Лијам Хемсворт (29) , се разделија по 8 месеци брак.  Веста ја потврди Сајрус, која го лечи скршеното срце на  езерото Комо, во Италија со пријателка. Двојката од 2010 е заедно, со низа прекини. -Одлучија да се посветат на кариерите и на грижата на заедничките …

Мајли Сајрус и Лијам Хемсворт се разведуваат по 8 месеци брак Read More »

Пренасочен сообраќајот на патот Прилеп-Градско поради сообраќајка


Поради сообраќајна незгода на регионалниот патен правец Прилеп-Градско, кај м.в. Камен Дол, сообраќајот се пренасочува по алтернативни патишта, информира Автомото сојузот. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини, како што се наведува, е зголемен и има зголемена фреквенција на возила на граничните премини Богородица и Табановце, каде времето на чекање за излез …

Пренасочен сообраќајот на патот Прилеп-Градско поради сообраќајка Read More »

На протестите во Москва 50.000 лица побараа слободни избори


Русија – Околу 50.000 лица се собраа на вчерашните протести во Москва против исклучувањето на независни кандидати од локалните избори во септември. Дозволениот собир беше ограничен на една московска авенија и мина без инцидентити. Стотици демонстранти сакаа да го продолжат протестот пред зградата на претседателската администрација, но близу беа распоредени бројни полициски сили, пренесува Хина. Московската …

На протестите во Москва 50.000 лица побараа слободни избори Read More »

Прва масовна аукција на недвижности во Грција од 110 милиони евра


Грција– Во Грција во тек се подготовките за првата голема аукција на недвижен имот што бил дел од залогот за подигнат кредити во една банка, која не успеала да ги продаде поради малиот интерес на купувачите. На аукцијата предмет на понуда се два пакета со вкупно 950 недвижности, а продажбата ќе биде спроведена во април …

Прва масовна аукција на недвижности во Грција од 110 милиони евра Read More »

Се реконструираат повеќе улици и булевари во Скопје


Продолжуваат градежните активности за реконструкција на коловозите на поголем број улици и булевари во Скопје, соопштија од Град Скопје. На територијата на општина Ѓорче Петров се реконструира улицата „Ѓорче Петров“ на потегот од општинската зграда до бензинска пумпа на Макпетрол, во должина од околу 1.500 метри. Вчера почна и реконструкцијата на улицата „Борис Сарафов“, на …

Се реконструираат повеќе улици и булевари во Скопје Read More »

Какво дејство има музиката врз човековото здравје?  


Сте размислувале ли некогаш какво дејство има музиката врз човековото здравје и како таа може да се користи во терапевтски цели? Постојат докази за клиничко користење на одредени музички фреквенции или форми за да се подобри брзината на срцето, да се намали анксиозноста и да се подобри функцијата на мозокот, со што се зголемува способноста …

Какво дејство има музиката врз човековото здравје?   Read More »

Малезија ги обвинува директорите на Голдман Сакс за проневера


Малезија – Малезија поднесе обвинение против 17 актуелни и поранешни директори на американската инвестициска банка Голдман сакс поради сомнение дека учествувале во проневери со вредност од неколку милијарди долари. Шефот на таа банка за странски операции Ричард Гнод е обвинет дека во 2012 и 2013 помагал при собирањето 6,5 милијарди долари за малезискиот државен инвестициски фонд …

Малезија ги обвинува директорите на Голдман Сакс за проневера Read More »

„Газета експрес“: Вонредните избори во Косово на 29 септември


Косово– Косовските политички партии ќе ги измерат силите на вонредни парламентарни избори во последната недела од септември годинава, пишува денеска приштинскиот портал „Газета експрес“, повикувајќи се на извори во кабинетот на претседателот на Косово Хашим Тачи. Тачи се очекува да го прогласи 29 септември за ден на изборите, по седницата на косовското Собрание, на 22 …

„Газета експрес“: Вонредните избори во Косово на 29 септември Read More »

Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка кај росомански Камен Дол


Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол. Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Голф“ со битолски ознаки и џип „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички. Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути. Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата. Полицијата, како …

Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка кај росомански Камен Дол Read More »