Тајфунот Лакима во Кина усмрти 33 лица, 16 исчезнати

Најмалку 33 лица загинаа, а 16 се пријавени како исчезнати во напливот на тајфунот Лекима, кој го зафати источниот дел на Кина, јужно од Шангај.

Спасувачките екипи со гумени чамци ги евакуираат луѓето кои останале заробени во нивните домови.

Најголемиот дел од загинатите се од едно село, во источната провинција Џечјанг, каде во лизгање на земјиштето починаа 23 лица.

Како резултат на тајфунот, уништени се 173.000 хектари посеви и 34.000 домаќинства во Џејијанг, соопштија локалните власти.

Се проценува дека тајфунот предизвикал штета од две милијарди долари, информира Синхуа.

Лекима, деветти тајфун во Кина оваа година, се движи кон север и се очекува дека ќе го погоди брегот во Шандонг.