Сто и двајца планинари се искачија на врвот Љуботен
– Сите планинари што тргнаа успешно се искачија и вратија во планинарскиот дом Љуботен. Сите имаа челни ламби за осветлување за движењето по планина, како и дополнителни осветлувачки маркери за во раце. Најспектакуларното за ова традиционално искачување е дочекувањето на зората и изгревањето на сонцето, изјави Александар Стојановски Цули од ПК „Јелак“.
Планинарите пристигнаа од Тетово, Скопје, Охрид, Битола и други градови во четвртото по ред ноќно искачување на врвот Љуботен.