Евакуација на 15 илјади луѓе од Хановер поради бомба од Втората светска војна


Повеќе од 15 илјади луѓе се евакуирани во Хановер во Германија поради бомба, останата од Втората светска војна, објави Хановерс алгемајне цајтунг. Германските медиуми посочуваат дека поради бомбата тешка 500 килограми, пронајдена вчера попладне на едно градилиште, биле евакуирани 15.200 лица. Во таа област во прекин е и сообраќајот на подземната железница. Поради бомбата и …

Евакуација на 15 илјади луѓе од Хановер поради бомба од Втората светска војна Read More »

Зендаја е лице на новиот парфем на Ланком: Со „Идол“ сите ќе ве запамтат


САД– „Ланком“  ја претстави кампањата за својот нов парфем насловен Idole, а главно лице на кампањата е холивудската ѕвезда Зендаја. Кампањата го носи мотото “I can, we will”. Новиот мирис е веќе достапен во продажба. Главна нота се розите од Турција кои се одгледуваат исклучително за брендот Lancome, а тука се и нотите од бергамот, …

Зендаја е лице на новиот парфем на Ланком: Со „Идол“ сите ќе ве запамтат Read More »

Пиењето вода клучно за здравјето, актуелна дилемата дали од шише или од чешма


Пиењето вода е клучен фактор за одржување добро здравје. Водата ја зголемува енергијата на телото, го подобрува варењето на храната, го забрзува метаболизмот, помага при ослободување на токсините…Честопати кога станува збор за здравјето се поставува прашањето која вода за пиење има подобар квалитет – водата од чешма или таа во шишиња, што се продава на …

Пиењето вода клучно за здравјето, актуелна дилемата дали од шише или од чешма Read More »

Џули Ендрјус-добитничка на „Златен лав“ за животно дело на Мостра


Италија– Џули Ендрјус (83) , холивудската легенда, препозналива по улогата на Мери Попинс во истоимениот филм, е добитничка на наградата за животно дело на Мостра 2019. Актерката, која освои Оскар во 1965 година за  улогата во „Мери Попинс“  го бакна лавот додека ја примаше наградата и се слушаа овации од публиката. -Бев почестена што поголемиот …

Џули Ендрјус-добитничка на „Златен лав“ за животно дело на Мостра Read More »

Гори куќа во Тафталиџе


Пожар утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопската населба Тафталиџе, јавува МИА. Од Противпожарната бригада на Град Скопје за МИА изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот. Засега не се знае причината за пожарот.

Едно лице е потешко, а шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Едно лице е потешко повредено, а шест полесно во три од вкупно девет сообраќајни несреќи што изминатото деноноќие се случиле во Скопје. Според денешните информации од СВР Скопје 36 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената. Од сообраќај се исклучени 21 возачи и тоа три кои управувале возило под дејство на алкохол, 17 пред …

Едно лице е потешко, а шест полесно повредени во сообраќајки во Скопје Read More »

Учители без слух за првото ѕвонче


АЛЕКСАНДРА М.МИТЕВСКА Може да се воочат неколку позитивни и неколку негативни работи поврзани со предупредувачкиот штрајк на просветните работници, кој се случи место првиот школски ден. Во графата на добри работи, на пример, може да се вброи тоа што министерот за образование Арбер Адеми конечно доби можност да биде поекспониран во јавноста. Зашто да не …

Учители без слух за првото ѕвонче Read More »

Ребалансот на Буџетот на владина седница


Ребалансот на Буџетот за 2019 година подготвен од Министерството за финансии, а во чија крајна фаза се вклучи и новата министерка Нина Ангеловска, денеска треба да биде разгледан на владина седница. Премиерот Зоран Заев вчера изјави дека подготовката на ребалансот е во финална фаза и дека тој треба да даде поддршка на поддршка на капиталните …

Ребалансот на Буџетот на владина седница Read More »

Музичко патешествие на Влатко Стефановски низ плакати: Од „Леб и сол“ до Стинг


Со ексклузивна музичка изложба на 90 парчиња плакати и постери кои го разоткриваат богатото и разнолико музичко патешествие на Влатко Стефановски низ годините, синоќа, во присуство на бројни гости, во Музеј на град Скопје започна петтиот филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“. Петдневната филмска програма ќе се реализира во Кинотеката од 3 …

Музичко патешествие на Влатко Стефановски низ плакати: Од „Леб и сол“ до Стинг Read More »

Ураганите како метеоролошка појава


Додека ураганот Дориан беснее над Бахамите во југоисточните американски држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина се евакуира населението. Поради налетот на Дориан американскиот претседател Доналд Трамп претходно прогласи вонредна состојба на САД. Тоа е ураган од петта категорија – што значи дека може да предизвика катастрофални нивоа на уништување, Но, Флорида во септември 2017 година …

Ураганите како метеоролошка појава Read More »

Помпео и Фон дер Лајен се договорија САД и ЕУ да работат заедно за глобалните прашања


Белгија– Американскиот државен секретар Мајк Помпео и новоизбраната претседателка на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, изразија намера заеднички да работат на прашањата од приоритетната светска политичка и економска агенда, се посочува во соопштението на Стејт департментот по нивната средба во Брисел, пренесоа светските агенции. Државниот секретар и го честита изборот на Фон дер Лајен. …

Помпео и Фон дер Лајен се договорија САД и ЕУ да работат заедно за глобалните прашања Read More »

Надал последен четвртфиналист на УС опен


САД– Вториот турнирски носител Рафаел Надал е последниот четвртфиналист на Грен слемот УС опен. Шпанецот ноќеска во последниот осминафинален меч го совлада хрватскиот тенисер Марин Чилиќ со 3-1 (6:3, 3:6, 6:1 и 6:2). Противник на Надал во следната фаза ќе му биде Диего Шварцман од Аргентина. Двојки за другите три 1/4финални дуели: Беретини – Монфилс Федерер …

Надал последен четвртфиналист на УС опен Read More »

Колку ќе скокне најниската плата : Синдикатот предлага минималец повисок за 1.000 денари


Предлог на Сојузот на синдикати на Македонија е минималецот да се зголеми за илјада денари. Предлогот е доставен до Владата, а за него било разговарано и на последната средба на синдикалците со премиерот Зоран Заев во јули. Во моментов, минималната плата во Македонија изнесува 12.507 денари. „Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) во континуитет се …

Колку ќе скокне најниската плата : Синдикатот предлага минималец повисок за 1.000 денари Read More »

Десет музички документарци на петтиот „Скопје синема сити“


Филмот „Под влијание“ за Кит Ричардс  вечер ќе го отвори петтиот Филмски фестивал за музички документарни филмови „Скопје синема сити“ кој до 7 септември ќе се одржува во Кинотеката. Се работи за филмски портрет на Кит Ричардс, кого го нарекуваат „срцето и душата на ’Ролинг стоунси’“. По проекцијата соло-настап ќе има Влатко Стефановски. Во пресрет …

Десет музички документарци на петтиот „Скопје синема сити“ Read More »

Изложба на графики: Време е за чај со Рено Рулман


Галеријата „Остен“ вечер од 20 часот ќе организира самостојна изложба „Време е за чај” и музички перформанс на францускиот мултимедијален уметник Рено Рулман кој ќе ги претстави своите графики-цијанотипии.  – Циклусот „Време е за чај” е серија на цијанотипии, специфичен фотографски графички процес со кој се продуцираат цијано-сини графики. Како фотограф на аналогна фотографија, Рулман …

Изложба на графики: Време е за чај со Рено Рулман Read More »

Регулатори од Западен Балкан ќе дебатираат во Франкфурт за осигурувањето


Осигурителен супервизорски форум на високи претставници помеѓу Еврoпската Комисија, Европското регулаторно тело за осигурување и пензии (EIOPA) и регулаторните тела за осигурување од земјите на Западен Балкан првпат ќе се одржи денеска во Франкфурт, Германија.   -Организацијата на Форумот е резултат на иницијативата на Агенцијата за супервизија на осигурување и последица од работната средба во …

Регулатори од Западен Балкан ќе дебатираат во Франкфурт за осигурувањето Read More »

Изменет сообраќаен режим до четврток поради „ФИС ролер ски куп“


На 03, 04 и 05.09.2019 (вторник, среда и четврок) од 09.00 до 11.30 часот, ќе има посебен сообраќаен режим на булеварот „Илинден“, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници поради одржувањето на меѓународната спортска манифестација „ФИС ролер ски куп“. Одделението за безбедност на патниот сообраќај информира дека во организација на Скијачката федерација на …

Изменет сообраќаен режим до четврток поради „ФИС ролер ски куп“ Read More »

Од денеска на настава сите


Во основните и средните училишта денеска на настава се сите вработени откако вчера заврши предупредувачкиот штрајк на наставници членови на СОНК и тие што солидаризираа со нив. Штрајкувачите вчера беа на работа без работни обврски, а оние што не пристапија имаа часови. Во училиштата кои не истакнаа известувања дали ќе организираат настава, учениците и нивните …

Од денеска на настава сите Read More »

Учениците добија лекција за штрајкување


Основното училиште „Партение Зографски“ во скопската населба Кисела Вода вчера им го продолжи распустот на учениците. Нивните родители добија известување дека учителите и наставниците ќе се вклучат во предупредувачкиот штрајк на просветарите, па наставата ќе почне од денеска. Само педесетина метри понатаму, средношколците дојдоа во гимназијата „Васил Антевски-Дрен“ на првиот училиштен ден од новата учебна …

Учениците добија лекција за штрајкување Read More »

Блумберг: Илјада милијарди долари странски капитал „избегаа“ од Островот заради Брегзит


Англија – Баснословна сума пари, најмалку илјада милијарди долари, односно околу 10 отсто од вкупниот имот на британскиот банкарски сектор, 220 банки и финансиски фирми се иселиле од Островот во Европската унија од изгласувањето на Брегзит, во јуни 2016 година, се наведува во статија на американската агенција Блумберг. Во пресрет на разводот меѓу Велика Британија …

Блумберг: Илјада милијарди долари странски капитал „избегаа“ од Островот заради Брегзит Read More »