Ново рочиште за „Ласкарци“


Во Основниот кривичен суд во Скопје за денеска е закажано ново рочиште за автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени, за што обвинети се шест лица. На минатото рочиште сведочеше жител на селото Ласкарци кој меѓу првите пристигнал на местото …

Ново рочиште за „Ласкарци“ Read More »

Мексико ќе му понуди азил на Моралес


Министерот за надворешни работи на Мексико, Марсело Ебрард изјави дека неговата земја ќе му понуди азил на боливискиот претседател, доколку побара. Владата на Мексико, предводена од претседателот Андрес Мануел Лопез Обрадор, силно застана во одбрана на Ево Моралес. Тие го поздравија „одговорниот став на претседателот на Боливија кој избра да поднесе оставка пред да го …

Мексико ќе му понуди азил на Моралес Read More »

Таксират и Д фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа


Европските награди за најдобри фестивали (European Festival Awards) и годинава ги вклучија номинациите за Д-Фестивал и Таксират Фестивал во категориите: Д-Фестивал за најдобар мал фестивал, и Таксират за најдобар фестивал со средна големина и најдобар фестивал кој се одржува во затворен простор. Веќе неколку години по ред, двата најпосетени македонски фестивали за локалната и регионалната …

Таксират и Д фестивал номинирани за најдобри фестивали во Европа Read More »

ТЕ-ТО најголем должник – државата ѝ прости, УЈП ја стави на „црната листа“


  Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до крајот на јули, годинава и неплатени до крајот на октомври по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини. На Листата на должници објавени се 2.020 должници – правни лица (повеќе …

ТЕ-ТО најголем должник – државата ѝ прости, УЈП ја стави на „црната листа“ Read More »

Гвен Стефани е модна икона по избор на публиката


САД- Поп-ѕвездата Гвен Стефани пристигна на црвениот тепих на People’s Choice Awards синоќа во Санта Моника, Калифорнија, во драматична тоалета на Вера Ванг, подготвена да зборува за сите работи, пред победата на нејзината награда Fashion Icon – иако нејзиниот дечко Блејк Шелтон се истакнуваше во секојдневен блејзер и фармерки. Поранешната пејачка на „”No Doubt “ …

Гвен Стефани е модна икона по избор на публиката Read More »

Одбиле евакуација, па загинале во бурата во Бангладеш


Бројот загинати во циклонот Булбул во бангладеш се искачи на 12, а петмина рибари сѐ уште се водат како исчезнати, соопштија денеска надлежните. Повеќето жртви одбиле евакуација и настрадале кога врз нив паднале дрвја кои ги соборил силен ветар. Еден рибар се удави, а петмина исчезнаа откако нивните чамци во неделата биле превртени од силен …

Одбиле евакуација, па загинале во бурата во Бангладеш Read More »

Германија: Постигнат договор за пензија, избегната криза на владата


Германската влада постигна компромис за зголемување на пензиите за пензионерите со ниски примања. Како што пренесе „Дојче веле“, постигнат е договор за гаранција на основната пензија за работниците со ниски примања по повеќемесечни тензии за тоа прашање, што можеше да доведе до криза во владата. Истакнати членови на владејачката коалиција, вклучително и канцеларката Ангела Меркел, …

Германија: Постигнат договор за пензија, избегната криза на владата Read More »

Руски историчар ја убил љубовницата – се обидел да ја сокрие во река


Познатиот руски историчар Олег Соколов (63) призна дека ја убил својата 23-годишна љубовница. Полицијата го фатила историчарот на дело како пијан се обидува да ги скрие деловите од телото ставени во торба во река. „Ја принза вината“, вели неговиот адовкат, Александар Почујев, наведувајќи дека неговиот клиент жали за тоа што го направил и дека соработува …

Руски историчар ја убил љубовницата – се обидел да ја сокрие во река Read More »

Едно лице загина, а 26 се повредени викендов во Скопје


Едно лице на патничко моторно возило загина, пет се здобиле со тешки телесни повреди и 21 лесно повредени во 16 од вкупно 37 сообраќајни незгоди што се случиле изминатиов викенд на подрачјето на Град Скопје. Во 20 сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, исклучени се 64 возачи кои …

Едно лице загина, а 26 се повредени викендов во Скопје Read More »

Пендаровски во Франција, утре на средба со Макрон


Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен договор, а утре, како што е потврдено, ќе има средба со францускиот претседател Емаунел Макрон. Пендаровски ќе има можност директно од шефот на француската држава да ги слушне ставовите на Франција за проширувањето и за новата …

Пендаровски во Франција, утре на средба со Макрон Read More »

Тетово повторно најзагаден град


Екстремно висока концентрација од 801 микрограм на метар кубен ПМ10 честички во воздухот се забележани синоќа во 21 часот во Тетово преку државните мерни станици за мониторинг и мерење на квалитетот на воздухот на апликацијата за мобилни телефони „Мој воздух“. Концентрацијата на штетни материи во воздухот е 16 пати повисок од дозволените 50 микрограми на …

Тетово повторно најзагаден град Read More »

Хрватите и Бугарите се најнезадоволните граѓани во ЕУ


Хрватите спаѓаат меѓу најнезадоволните граѓани на Европската унија, покажува новото истражување на евро-статистичарите. Имено, со просечна општа оценка на квалитетот на животот, од само 6,3 во 2018. година, Хрватите се позадоволни единствено од Бугарите, кои квалитетот на животот го оценија со просечна оценка 5,4. Тука треба да се нагласи дека оценките се движат во распон …

Хрватите и Бугарите се најнезадоволните граѓани во ЕУ Read More »

Косово го бојкотираше самитот во Охрид, Рама ги искритикува


Албанскиот премиер Еди Рама денеска од лидерската средба на државите од Западен Балкан во Охрид упати критика до Приштина поради неучеството во Иницијативата за регионална соработка, притоа изразувајќи уверување дека Косово како дел од регионот ќе учествува на следната средба предвидена да се одржи идниот месец во Драч. „Во Софија, Лондон, Познањ, Трст, Париз, Брисел, …

Косово го бојкотираше самитот во Охрид, Рама ги искритикува Read More »

Заев, Вучиќ и Рама од Охрид: Ова не е нова Југославија или Голема Албанија, носиме подобар живот на Балканот


Поминување на границите само со лична карта, брзи ленти за камионите и меѓусебно признавање на дипломите се само дел од мерките превидени во декларацијата што во Охрид ја договорија Заев, Вучиќ и Рама. Тие ги повикаа и останатите држави од Западен Балкан да се приклучат кон оваа иницијатива и заеднички да изградат еден поинаков регион …

Заев, Вучиќ и Рама од Охрид: Ова не е нова Југославија или Голема Албанија, носиме подобар живот на Балканот Read More »

Текстилните работници излегоа на протест: Поголеми плати, пристоен живот и подобри услови за работа


Текстилните работнички од источниот регион денеска за првпат во македонската историја протестираа за поголеми права, но и за покачување на платите, подобрување на условите за работа, неделите и празниците да бидат неработни денови, исплата на прекувремени часови, законски годишен одмор, исплата на полн износ на К-15, а не како досега по 100 денари и стоп …

Текстилните работници излегоа на протест: Поголеми плати, пристоен живот и подобри услови за работа Read More »

Георгиевски: Правиме се да го задржиме статусот на УНЕСКО


Правиме се и мора  да го задржиме статусот на Охрид во УНЕСКО, истакна охридскиот градоначалник Константин Георгиевски на трибината на СДСМ под мотото „На прав пат”. Тој пред насобраните граѓани на Охрид порача дека и покрај големите долгови кои на општината и ги остави претходната локална управа на ВМРО-ДПМНЕ од 1,6 милијарди денари, реконструирани се …

Георгиевски: Правиме се да го задржиме статусот на УНЕСКО Read More »

Пожар во Холивуд


Студиото на „Ворнер Брос“ во близина на Лос Анџелес е евакуирано откако избувнал пожар во негова близина, јавуваат американските медиуми.Опожарени се 34 хектари, соопшти пожарната служба во Лос Анџелес, јави Си-Ен-Ен. – Ниту еден објект не е запален или загрозен – се додава во соопштението. Властите го повикаа локалното население да остане во домовите, но …

Пожар во Холивуд Read More »

Никој не знае колку отров се излеа од Охис


Нема точни податоци од надлежните колкава количина на метрил акрилат мономер е ослободен при случувањата во Охис и колкава е концентрацијата на истиот во воздухот. Метил акрилатот е токсична супстанција која при директен контакт со кожата може да предизвика тешки оштетувања и повреди на истата, објаснува преку социјалните мрежи, поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, …

Никој не знае колку отров се излеа од Охис Read More »

Мемети: Многу поплаки за  вознемирување на работното место


Оваа година има енормно зголемување од над 50 отсто на бројот на поплаки за дискриминација или поточно за вознемирување на работното место, поради разни основи. Граѓаните и годинава најмногу се жалеле на работата на судската власт, вели Народниот правобранител Иџет Мемети во неделното интервју на Радио Слободна Европа. -Често пати судството и потрошувачките услуги си …

Мемети: Многу поплаки за  вознемирување на работното место Read More »

Вакцинацијата против сезонски грип почнува од 22 ноември


Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година. За претстојната сезона 2019-2020 година, како што наведуваат, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од шест месеци до пет години, бремени жени, како и здравствени работници. Дополнително, набавени се …

Вакцинацијата против сезонски грип почнува од 22 ноември Read More »