Германија: Постигнат договор за пензија, избегната криза на владата


Германската влада постигна компромис за зголемување на пензиите за пензионерите со ниски примања.

Како што пренесе „Дојче веле“, постигнат е договор за гаранција на основната пензија за работниците со ниски примања по повеќемесечни тензии за тоа прашање, што можеше да доведе до криза во владата.

Истакнати членови на владејачката коалиција, вклучително и канцеларката Ангела Меркел, како и министерот за финансии Олаф Шолц, постигнаа договор во текот на разговорите кои траеја повеќе од шест часа, пренесе „Ројтерс“.

Основната пензија же претставува додаток на пензијата, со што би требало на оние кои добиваат најниски примања да им обезбеди дека можат да ги покријат основните месечни трошоци за живот, објаснува „Дојче веле“.

Додава дека оланот на владата ги опфаќа и вработени со најниски примања „кои се грижат за стари родители или деца“, не прецизирајќи детали.

Услов за добивање на оваа парична надокнада ќе биде лицето да има најмалку 35 години и да придонесувала во фондот за социјално осигурување.

Со планот ќе бидат опфатени оние чии примања се пониски од 1.250 евра или двојки кои заеднички месечно не добиваат повеќе од 1.950 евра.

Планот би требало да стапи на сила во 2021 година.