ТЕ-ТО најголем должник – државата ѝ прости, УЈП ја стави на „црната листа“


Фото: Б. Грданоски

 

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници за долгови доспеани до крајот на јули, годинава и неплатени до крајот на октомври по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници објавени се 2.020 должници – правни лица (повеќе за 25 од претходната листа) и 2.539 физички лица (повеќе за 19 од претходната листа).

Прв на црната листа на Управата за јавни приходи по неподмирени долгови согласно последната статистика објавена пред неколку дена е ТЕ-ТО, а фирмата нема да ѝ плаќа долг на државата по одлуката на владата, додека на државата и должи вкупно 17,2 милиони евра и тоа по основ на данокот на добивка.

Меѓу должниците се и „Ел Дон Кастилло“, „Индустрија Ал Азтека“. На листата се и „Мотор коал индустрија интернационал“ и „МЛ Глобал Италу“.

Не изостануваат и јавните претпријатија а меѓу нив се закотвени и Јавното комунално претпријатие Тетово должи 159 милиони денари, Македонска радиодифузија должи 25 милиони денари, Водостопанство на Македонија должи 8 милиони денари, МРТ 21 милион денар и други.

Вкупно објавениот нето долг изнесува 10.129.716.081 денари, повеќе за 15.032.646 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.969.945.359 денари (помалку за 3.066.767денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 159.770.722 денари (повеќе за 18.099.413 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.